Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Продолжуваме по европскиот пат до членство во ЕУ за повисок животен стандард и економска стабилност
Македонија

Ковачевски: Продолжуваме по европскиот пат до членство во ЕУ за повисок животен стандард и економска стабилност

12/01/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска со воведно обраќање ја отвори панел-дискусијата на тема: „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски говореше за владините политики за унапредување на животниот стандард на граѓаните и придобивките кои процесот на евроинтеграција, на европеизација на општеството ги носи со членството на Северна Македонија во Европската Унија.

Во продолжение ви го испраќаме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:

„ Почитувани вицепремиери, министри, претставници од Владата и од други институции во државата,

Почитувани медиуми,

Почитувани граѓани,

Денес ќе разговараме за една многу важна тема која е секогаш актуелна, и е од интерес за граѓаните затоа што се однесува на она што им е приоритет, егзистенцијата, животниот стандард, како се живее и како ќе се живее, во услови на криза, но со трасиран европски пат пред нас.

Ја започнавме оваа кампања за да се фокусираме на детални и конкретни објаснувања, факти, за сите придобивки од нашето зачленување во Европската Унија. Но не само од директното членство, туку и придобивките кои процесот на евроинтеграција, на европеизација на општеството ја носи за нас. Затоа денеска ќе зборуваме како конкретно и преку примери и проекти продолжувањето по европскиот пат и членството во ЕУ ќе се одразат на натамошното унапредување на животниот стандард на граѓаните, на развојот на бизнисите, а со тоа и на економската стабилност на државата на долг рок.

Целта не ни е да убедуваме, затоа што мнозинската волја за ЕУ е јасна. Целта е да доинформираме, што навистина значи евроатлантската определба и што реално следува на патот и откако ќе ја реализираме и втората стратешка цел – членство во ЕУ, а по членството во НАТО.

По членството во НАТО следува Европа дома!

Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат придобивките од евроатлантската ориентација во изминативе шест години. Но тие многукратно ќе се зголемат, со активното продолжување на европските интеграции и полноправното членство.

Тоа што успеавме просечната и минималната плата да ги зголемиме за 50 односно 100 проценти од тоа што беа, е резултат пред сѐ на добрите политики но и на нашата цврста определба за евроатланска интеграција. Искуствата велат дека со членството во ЕУ платите и пензиите ќе се зголемат меѓу 70-90 проценти и тоа е за очекување дека ќе се случи и за нас.

Евроатлантската ориентација на нашата држава донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, во најкризната година 2022, затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Имаме, речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра.

Со интеграција во ЕУ, ние од нашите странски партнери и инвеститорите ќе добиеме дополнителна доверба, што ќе рефлектира со драстично поголем број на инвестиции во државата.

Ако Европската Унија сега има удел околу 65% од вкупниот број на странски директни инвестиции, може само да се претпостави колку овој процент ќе биде зголемен и колку апсолутниот износ на инвестициите ќе биде зголемен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy