Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕЦБ НАЈАВИ: Еве кога ќе се намалуваат каматите!
Македонија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕЦБ НАЈАВИ: Еве кога ќе се намалуваат каматите!

12/01/2024

AA

Европската централна банка ќе започне со намалување на каматните стапки откако ќе се увери дека инфлацијата се вратила на целта од два отсто, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

– Не можам да прецизирам точен датум кога ќе почнат кратењата – изјави Лагард во интервју за ТВ Франс 2 и додаде дека ќе има нови податоци во наредните месеци, и дека врз основа на нив ќе донесе одлука, пренесува Блумберг.

Инвеститорите сметаат дека првото намалување на каматните стапки би можело да се случи веќе во април, додека креаторите на монетарната политика сметаат дека е пореално тоа да се случи кон средината на оваа година.

Говорејќи претходно во четвртокот, шефот на хрватската централна банка Борис Вујчиќ рече дека пазарите сè уште се премногу оптимисти за времето на првото намалување, повторувајќи ги коментарите на членот на Извршниот одбор Изабел Шнабел претходниот ден, која ги нарече разговорите на оваа тема предвремени.

И покрај тоа што инфлацијата остана под три проценти дури и по порастот во декември, претставниците на ЕЦБ сакаат да видат податоци за зголемувањето на платите што ќе дојде дури по првиот квартал.

Лагард рече дека Европа не е во сериозна рецесија и дека најлошата борба против инфлацијата е завршена.

– Мислам дека го поминавме најголемиот, најтешкиот дел, освен ако не се соочиме со уште еден голем шок кога се во прашање платите – истакна претседателот на ЕЦБ.

– Платите, во однос на преговорите и колективните договори, се во процес на зголемување и на тој начин што ја надминуваат инфлацијата што ја имаме. Ние сме во фаза на фаќање, а тоа би можело да потрае две до три години – објасни Лагард, додавајќи дека трошоците за задолжување нема да се зголемат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy