Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи го спинува и навредува холандскиот амбасадор, иако јасна е пораката – ДУИ е извор на корупција и влијание во правосудството
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи го спинува и навредува холандскиот амбасадор, иако јасна е пораката – ДУИ е извор на корупција и влијание во правосудството

12/01/2024

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во однос на изјавата на Бујар Османи дека холандскиот амбасадор барал поддршка од ДУИ и заедно збореле за борба против корупција, а не за посочување на ДУИ како извор на не владењето на правото, е типично извртување на фактите.

„Се прашуваме се почесто дали Бујар се слуша што кажува или онака испушта неволно зборови од устата па затоа се што кажува звучи вака. Некогаш неговите изјави се како оние на Сфингите кога треба да се замисли и одгатне човек што сакал да каже, но дури и тогаш несомнено секој е свесен дека човекот тресе глупости и не знае што кажува. Вакви бесмислици ретко кој може да каже и наместо да премолчи како што вообичаено е пракса со сите корисни статуи, тие зборуват, едноставно не може да се собере, да се исконтролира и зборовите непречено и сосема слободно во необичен редослед излетуваат од него. Но шалата на страна. Нека стават прст на чело и нека пробаат да сфатат дека тие се извор на корупцијата во државата, дека 22 години се на власт од 2002-та година, и поради тоа што е доктор да му кажеме со докторски речник, тие се метастаза од корупција во државата на сите нивоа на институциите и дека се срам за сите чесни Албанци во оваа држава кои сакаат подобар живот.

И место да се тетерави вака и да се врти во круг не знаејќи како да спинува јасна изјава на странски претставник кој јасно и недвосмислено му кажува дека ДУИ е проблем на државата и е извор на корупција и влијание во правосудството, тој ја навредува интелигенцијата на секој нормален човек во државата, но и на меѓународните претставници конструирајќи вака бесмислени реченици. И не е трагично да зборувате за корупција туку најтрагично е што ја создавате и ширите и што ништо не преземате против тоа“, порачуваат од партијата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy