Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „РАСТУРИ“ ОД СИЛЕН ПРОФИТ, А КОЕ ДРЖАВНО АД ПОТОНА ВО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ – ова се најновите бројки на Финансии, како ни работел јавниот сектор
Економија

КОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „РАСТУРИ“ ОД СИЛЕН ПРОФИТ, А КОЕ ДРЖАВНО АД ПОТОНА ВО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ – ова се најновите бројки на Финансии, како ни работел јавниот сектор

27/01/2025

AA

На прсти можат да се
избројат моќните приватни компании во земјава кои можат да му конкурираат со
своите профити на Јавното претпријатие за државни патишта, кое, за волја на
вистината, може да се пофали и со неколку усшено реализирани проекти и пуштени
во употреба патишта во изминатиов период.

Министерството за
финансии ги објави податоците за финансиското работење на јавните претпријатија
и акционерски друштва во државна сопственост за третиот квартал од минатата година, а
тие говорат дека најуспешното и најпрофитното во сите нив е токму ЈП за државни
патишта, додека, пак, дека АД Електрани на Македонија е убедливио најголемиот загубар.

Бројките на финансии говорат дека само во третиот квартал од годинава ЈП за
државни патишта остварило чист профит од 52 милиони евра.
 

Тоа е фантастичен резултат
за претпријатието  што ги наплаќа
патарините во земјава, а чии директор Коце Трајановски во неколку наврати има
кажано дека со дисциплина и незаобиколување на оваа давачка, државата реализира
многу поголема сума на средства при нејзината наплата. 

Инаку, ова ЈП е надлежно за управување
со државните патишта, подготовка на програми
и одржување
на патиштата, постојано
следење и контролирање на нивната состојба, преземање мерки за рационално користење на
средствата наменети за државните патишта, инвеститорски
работи, наплата на надоместоците за
користење на јавните патишта, задолжувања
кај домашни и странски финансиски институции, организирање на изработка на студии и проекти
за изградба, реконструкција,одржување, заштита и наплата на патарина со
право истите да ги отстапува на физички и правни лица, предлагање за давање на концесија и други
видови на јавно-приватно
партнерство, и слично. Значи,
засега сите пофалби одат на контото на ЈП за државни патишта.

А, кое АД во државна
сопственост е вистински загубар и тоа подолг период наназад? Станува збор за
државните електрани, АД ЕСМ, чија загуба само од периодот почнувајќи од јули
заклучно со септември минатата година стигнала дури до 23 милиони евра.

Сегашната власт за состојбите во енергетиката се уште ја обвинува претходната,
и се најавува дека во наредниот период треба да се средат состојбите во
енергетскиот сектор.

Но, за разлика од АД
Електрани, неговиот помал брат, односно преносниот оператор МЕПСО, работел
позитивно во третиот квартал од минатата година, па ова АД во државна
сопственост има добивка од 5,5 милиони евра за периодот од тие три месеци
.

А, она што привлекува
интерес е прилично значајната добивка што ја има остварено едно претпријатие
кое важи за загубар и проблематичен државен субјект, а тоа е ЈП Национални
шуми, кое во третиот квартал од минатата година има прикажано добивка од 3,6
милиони евра.
Како се успева да се оствари толку добра бројка, и дали со неа ќе
се покриваат претходни загуби и како сето тоа ќе се одрази на конечниот
финансиски резултат на претпријатието за претходната година, ќе се види кога
тоа ќе го објави конечниот финансиски резултат.  

Одлична бројка на
добивка прикажало и АД за воздухопловна навигација, М-НАВ, чија добивка за
третиот квартал од годинава изнесувала 3,13 милиони евра.

Од поголемите „добитници“
ја издвојуваме и АД Државна Лотарија, чие работење со претходниците и не било
така чисто и за кое се гонат претходниот директор, но и екс вицепремиерот Артан
Груби. Имено, тоа АД во државна сопственост остварило во третиот квартал од
минатата година добивка од еден милион евра.

Но, не им одело добро на
сите „фирми“ под државни јасли.

После големиот загубар
АД ЕСМ, има уште неколку, чии загуби во третиот квартал лани се движеле во
следниве рамки. Имено, АД Железници транспорт влегло во нова загуба од 2
милиони евра
само за еден квартал, односно третиот, а не мала загуба за еден
квартал има и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и
регионалните патишта, од дури 1,9 милиони евра за тој период.

Голем негативен
финансиски резултат за тртетиот квартал лани имала и Телевизија, односно
Јавното радиодифузно претпријатие МРТ, кое за тој период од три месеци влегло
во минус од 1,71 милиони евра.
Речиси идентични, пак, загуби, имаат за третиот квартал лани два државни субјекти, и тоа ЈП Железници инфраструктура, како и АД
Водостопанство
, кои со своите негативи се голем проблем на државата, и кои во
третиот квартал од минатата година имале „минус“ од по 1,47 милиони евра.

Следуваат нови
позначајни загубари, и тоа ЈП Стрежево од Битола, со негатива од 600 илјади
евра
, ЈП Национална радиодифузија чии минус бил 525 илјади евра, а ЈП Злетовица
од Пробиштип, со загуба од 470 илјади евра.
Загуба во третиот квартал лани
имало и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, од 330
илјади евра, а и загубарот АД Пошта, влегол во нов минус од 267 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР Судот нареди конфискација на

19/10/2026

Една година и седум месеци затвор е казната што Апелацискиот суд му ја одреди на поранешниот генерален секретар на Владата,

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому му одговара криза во односите

19/10/2026

Случајот со Ива Михаилова се користи за создавање криза во односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на изборите во

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН! Вицепремиерот Николоски за политичкото значење

19/10/2026

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy