Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација, сензори и хортикултурно уредување
Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација, сензори и хортикултурно уредување

12/02/2026

AA

Деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ конечно ќе добие трајно решение, откако Владата во вторникот донесе одлука за правна рамка за проектот, истакна министерот за здравство Азир Алиу. Со одлуката се овозможува потпишување на 15-годишен договор со Градот Скопје, со закупнина од 10 отсто од вкупниот промет, по што градот ќе започне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување на просторот.

Проектот, како што појасни Алиу, ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг систем со сензори за детекција на слободни паркинг места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем,

„Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем“, изјави Алиу на прес-конференција.

Министерот подвлече дека со оваа одлука се решава долгогодишниот проблем со паркирањето и се отвора патот за негово трајно и функционално уредување.

„Ова го најавивме како еден од приоритетите на Министерството за здравство. Со последната владина одлука, прашањето со паркингот добива јасна институционална рамка и се отвора патот за негово трајно решавање“, додаде Алиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
Македонија

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален

28/07/2026
Македонија

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026
Македонија

По загадувањето на водата, ризик од хепатитис и жолтица: Гостивар

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44720
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026

По последното зголемување на цените на нафтените деривати, премиерот Христијан Мицкоски најави можност за нивно намалување во наредниот период. Тој

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците бараат лични податоци

28/07/2026

МВР упатува предупредување до граѓаните за нова форма на интернет измама преку лажни пораки поврзани со системот „Безбеден град“. Од

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела во поле, завршила во болница

28/07/2026

Несекојдневен случај во велешко – 61-годишна жена била касната од опасниот пајак црна вдовица додека работела земјоделски работи во поле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy