Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ Мицкоски вечерва во Брисел на средби со Антонио Кошта, Усрула Фон дер Лајен, Каја Калас…
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ Мицкоски вечерва во Брисел на средби со Антонио Кошта, Усрула Фон дер Лајен, Каја Калас…

25/11/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија е најдобра во испораката на реформи во рамки на реформскиот процес за членство во ЕУ. Тој очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан да се потврди тоа што досега е кажано – дека Западен Балкан е дел од Европа и дека процесот на негова интеграција во Европа многу скоро ќе стане реалност.

Тој информира дека вечер во Брисел ќе има состанок со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

– Очекувам да се потврди она кое што досега е кажано, а тоа е дека Западен Балкан е дел од Европа и дека процесот на интеграција на Западен Балкан во рамките на Европа многу скоро ќе стане реалност, за да можат граѓаните од Западен Балкан кои долго време заслужуваат да бидат на масата, навистина да бидат на масата – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што очекува од Самиот во Брисел.

Тој вели дека не се согласува со ставот дека Албанија и Црна Гора одат пред нас на патот кон ЕУ. Смета дека Македонија испорачува реформи и оти е најдобра во тоа.

– Па не би се согласил дека одат. Мислам дека не е баш така. Ќе се вратам на онаа моја изјава за автобусот што се ниша. Така во моментот личи нивниот пат. А ние испорачуваме реформи, ние сме навистина „фронт-ранери“ кога станува збор за реформската агенда. Не би го коментирал ставот на господинот (Герт Јан) Копман. Него го сметам за пријател на Македонија, тој има додадена вредност во процесот на испорака на реформите кои што се дел од реформската агенда. Ние високо го цениме неговиот придонес во рамките на овој процес. Многу скоро ќе имаме повторно работна видео врска на која што уште еднаш ќе го прегледаме статусот за декемврискиот или полујануарскиот извештај – рече Мицкоски при посетата на Општина Бутел.

Премиерот претпоставува дека со него ќе се видат во Брисел.

– Ние сме фокусирани на она што подразбира напредување врз основа на испорака на реформи. Билатералните прашања, за жал, се реалност која што ја донесе претходната влада, но, ние одбиваме да разговараме за билатерални прашања како пречка на нашиот пат кон полно зачленување во Европската Унија. Ние сме подготвени заедно со ЕУ, заедно со тие кои што имаат билатерални нерасчистени односи со нас, ако е потребно во рамките на овој процес да седнеме било каде, било кога и на било која тема. За жал, како што гледам од друга страна нема интерес, така што ние ќе си продолжиме да го испорачуваме она што е наша домашна задача – рече премиерот Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е

25/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа

25/11/2026
Македонија

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна

25/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛ ГРАНУЛАТИ, МУ НАШЛЕ 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ Се бара притвор

25/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО АКЦИСКИ ПЛАН

25/11/2026
Македонија

МАНИПУЛАЦИИТЕ СО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВИ СЛУЖЕА САМО ЗА ДОЛГО ВЛЕДЕЕЊЕ

25/11/2026
Македонија

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во

25/11/2026
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46921
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа го повредиле и детето

25/11/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца жители на Битола, на возраст од 47, 22 и 25 години, поради постоење

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна покривка

25/11/2026

Под влијание на циклонска активност, од вечерва до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи. Врнежите наместа ќе бидат

ПРИЈАВИЛ ГРАНУЛАТИ, МУ НАШЛЕ 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ Се бара притвор за сопственик на српска транспортна

25/11/2026

Вкупно 5.000 штеки цигари со проценета вредност од околу 146.000 евра се запленети на граничниот премин „Богородица“. Основното јавно обвинителство

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy