ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна покривка
Под влијание на циклонска активност, од вечерва до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период ќе има врнежи и над 80 l/m².
Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Во Скопје од вечерва до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи, кои за време на викендот ќе преминат во снег на повисоките места во котлината.
.
Извор: plusinfo.mk