ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа го повредиле и детето
СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца жители на Битола, на возраст од 47, 22 и 25 години, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 23 август 2026 година во охридското село Пештани. Пријавените физички го нападнале Р.Б. додека тој во рацете го држел своето малолетно дете.
Во текот на нападот, детето добило телесни повреди.
По брза интервенција, полициските службеници ги пронашле тројцата осомничени и ги лишиле од слобода.
Случајот е пријавен до надлежното обвинителство, а против тројцата ќе продолжи постапката за сомнението за насилство врз дете.
.
Извор: plusinfo.mk