Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАЗАХСТАН ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА КАКО КЛУЧНА ВРСКА СО ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ Двете земји ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена
Македонија

КАЗАХСТАН ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА КАКО КЛУЧНА ВРСКА СО ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ Двете земји ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена

20/04/2026

AA

Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјата.

– Оваа посета е јасен сигнал за заедничката подготвеност за продлабочување на економската соработка и унапредување на севкупните билатерални односи. Во разговорите отворено констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји. Но исто така се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме во периодот што следува – рече Муцунски.

Во таа насока, Муцунски информира дека разговарале за одржување на втората седница на Заедничката македонско-казахстанска комисија за трговска и економска соработка во Астана, како важен чекор за поинтензивна и пофокусирана економска динамика.

– Паралелно останува наша заедничка задача да ги надминеме предизвиците поврзани со географската оддалеченост преку зајакнување на директната комуникација меѓу компаниите и стопанските комори, како и преку поактивна организација на бизнис-форуми, саеми и промотивни активности, вклучително и во областа на културата и туризмот – рече Муцунски.

Тој изрази уверување дека вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на два значајни документа, ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена.

– Создавањето на предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекувањето на странски инвестиции останува врвен приоритет на Владата. Во таа насока остануваме отворени за казахстански инвеститори, како во технолошко-индустриските развојни зони, така и пошироко, во согласност со нивните инвестициски интереси – заклучи Муцунски.

Шакалиев од своја страна рече дека Казахстан и Северна Македонија продолжуваат постојано да ги зајакнуваат билатералните односи, ставајќи особен акцент на развојот на трговската, економската и инвестиционата соработка.

– Казахстанската делегација, која што ја сочинуваат претставници на деловната заедница, агроиндустрискиот сектор и академската заедница, пристигна денес во Северна Македонија како дел од трговската и економската мисија на нашата земја. Главната цел ни е да ја зголемиме билатералната трговија, да ги прошириме деловните контакти и да воспоставиме конкретни области на соработка – истакна Шакалиев.

Тој нагласи дека Казахстан активно го развива својот транспортен и логистички сектор, гради одржливи патишта меѓу Азија и Европа.

– Клучна улога во тој процес игра Транскаспискиот меѓународен транспортен пат, односно Средниот коридор, кој ја обликува новата конфигурација на евроазиската трговија. Во тој контекст, Северна Македонија се гледа како ветувачка врска на европскиот пат. Нејзината географска локација и интеграцијата во балканските транспортни мрежи создаваат дополнителни можности за воспоставување отпорни логистички синџири, за пласирање на казахстанските производи на пазарите во Југоисточна и во Источна Европа – рече Шакалиев.

Казахстанскиот министер посочи дека еден од клучните практични чекори ќе биде воспоставувањето на деловен совет, кој ќе ја олесни директната интеракција меѓу деловните заедници на двете земји и ќе овозможи брз развој на споделени проекти.

– Таквите иницијативи, вклучувајќи ги и трговските мисии и создавањето на институционални платформи за дијалог, се гледаат како почетна точка за премин кон поструктурирана и одржлива трговска и економска соработка меѓу нашите две земји. Фокусот се става на развојот на индустриската соработка, воспоставување заеднички деловни проекти и проширување на инвестицискиот ангажман, што ќе придонесе кон заеднички модели кои носат придобивки за двете земји – заклучи Шакалиев на заедничката прес-конференција со Муцунски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46121
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала

12/10/2026

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy