Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикалната минимална кошница во април достигна 68.797 денари, раст од 979 денари за еден месец
Македонија

Синдикалната минимална кошница во април достигна 68.797 денари, раст од 979 денари за еден месец

20/04/2026

AA

Вредноста на синдикалната минимална кошница во април 2026 година изнесува 68.797 денари, што претставува зголемување од 979 денари во однос на март, кога таа изнесуваше 67.818 денари.

Податоците покажуваат дека трошоците за живот продолжуваат да растат, при што за периодот од јануари до април 2026 година, минималната кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари.

Доколку се пресметаат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната кошница во април достигнува 84.172 денари месечно.

Најголем дел од трошоците на едно домаќинство и натаму се однесуваат на храна и пијалаци, за кои се издвојуваат 26.085 денари или 37,9 проценти од вкупната кошница. Следуваат образованието со 7.192 денари (10,5 проценти), како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.338 денари (9,2 проценти).

За облека и обувки месечно се издвојуваат 6.129 денари, додека за рекреација и култура 5.592 денари. Трошоците за транспорт изнесуваат 4.961 денар, а за ресторани и хотели 4.131 денар.

За комуникации се предвидени 3.417 денари, за лична и хигиена во домот 2.667 денари, додека за здравје се издвојуваат 1.185 денари. Најмал удел во кошницата имаат останатите стоки и услуги со 1.100 денари или 1,6 проценти.

Ако се земе предвид пресметката со изнајмен стан, трошоците за домување (станарина, вода, електрична енергија и греење) достигнуваат 21.713 денари, што значително го зголемува вкупниот месечен буџет потребен за едно домаќинство.

Овие податоци укажуваат на континуиран раст на животните трошоци и дополнителен притисок врз домашните буџети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026
Македонија

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до

07/06/2026
Македонија

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026
Македонија

Трагедија во Кучково: Маж пронајден мртов под автомобил

07/06/2026
Македонија

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да

07/06/2026
Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43642
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска се појави пред општинската зграда, од каде што објави видео на социјалните

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните

07/06/2026

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки. Првата фактура од редовното годишно

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026

На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy