Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камбовски: Набрзо ќе биде избран нов претседател на Врховниот суд
Македонија

Камбовски: Набрзо ќе биде избран нов претседател на Врховниот суд

10/03/2025

AA

Набрзо ќе биде избран вршител на должноста претседател на Врховниот суд, но изборот се одложи поради неопходноста од спроведување на постапките за интегритет и психолошки тестови, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Како што посочи Камбовски, комисијата не успеала да ги заврши сите потребни тестови на кандидатите, бидејќи имало повеќе од 70 кандидати кои требало да бидат тестирани од Академијата. Според него, приоритетот бил даден на кандидатите од Академијата, поради што постапката за избор на претседател се пролонгирала.

„Но, изборот ќе биде направен многу брзо. Тоа ќе се случи на следната седница на Судскиот совет, бидејќи во среда истекува мандатот на актуелниот претседател на Врховниот суд“, додаде Камбовски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали денешната и утрешната седница на Судскиот совет се користат како алиби за членовите на Судскиот совет кои се под интерпелација и не присуствуваат на седницата на Собранието, Камбовски категорично негираше. Тој нагласи дека закажувањето на седницата на Судскиот совет било направено пред да биде познато кога ќе се одржи собраниската седница.

„Наша седница не ја пречи собраниската и обратно. Доколку некој од колегите изрази желба да присуствува на собраниската седница, ние ќе ја прекинеме нашата и ќе почекаме да се врати. Нема да има никаква пречка ниту на Собранието, ниту во Судскиот совет“, изјави Камбовски.

Тој додаде дека членовите на Судскиот совет за кои се бара интерпелација сами ќе одлучат дали ќе присуствуваат на собраниската седница или не.

„Тоа е нивен избор и не можам во нивно име да кажувам што ќе одлучат“, додаде Камбовски.

Во однос на можните оставки на членовите на Судскиот совет, Камбовски нагласи дека тоа е индивидуална одлука и не може да предвиди што ќе одлучат колегите.

„Не знам дали некој ќе поднесе оставка. Тоа е личен акт, не можам да очекувам или да претпоставувам што ќе направат колегите“, рече Камбовски.

Потврди дека има поднесено кандидати за судии во сите судови, но нагласи дека нивниот избор нема да ги реши сите проблеми, туку само ќе ги ублажи.

„Сеуште треба повеќе судии во основните судови. Овој избор ќе го ублажи проблемот, но не го решава целосно“, истакна Камбовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ

17/12/2025
Македонија

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена

17/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за

17/12/2025
Македонија

ТРЕНЧЕВСКА И ТРАЈАНОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ Избрани се и членови

16/12/2025
Македонија

9 месеци од трагедијата „Пулс“

16/12/2025
Македонија

Филипче го соопшти новото раководство на СДСМ: Формираме тим за

16/12/2025
Македонија

Дополнителни 15 милиони евра за „Бехтел и Енка“ од буџетот

16/12/2025
Македонија

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати

16/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ Еве кои клучни новини

17/12/2025

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет, објави Министерството за правда. Законот

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена брзина на движење на повеќе

17/12/2025

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за мигрантите тој им прави лоша

17/12/2025

„Она што мислам дека не е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy