Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сигурна во секој чекор – Халк Осигурување со поддршка на сигурноста и стабилноста на жените
Економија

Сигурна во секој чекор – Халк Осигурување со поддршка на сигурноста и стабилноста на жените

10/03/2025

AA

По повод Меѓународниот ден на жената, Халк Осигурување лансираше кампања
под мотото „Сигурна во секој чекор“, која ќе трае во текот на месецот на
жената. Оваа кампања има цел да ја поддржи безбедноста и здравјето на жените,
нудејќи им 15% попуст на полисите за осигурување на домаќинство и осигурување
од тешки болести. За кампањата „Сигурна во секој чекор“, но и за останатите
иницијативи на компанијата за поттикнување и поддршка на жените во носењето
финансиски одлуки и нивниот кариерен развој, разговаравме со Селин Шакарер,
член на Управниот одбор на Халк Осигурување.

Кампањата „Сигурна во секој
чекор“ е посветена на жените и нивната финансиска стабилност и безбедност. Што
ја инспирираше Халк Осигурување да ја покрене оваа иницијатива и каква е
нејзината цел?

Како компанија која во својот ДНК код носи
принципи на еднаквост и финансиска стабилност, сметавме дека месецот на жената
е идеална можност да ја потврдиме нашата заложба за поддршка на жените. Во ХАЛК
ОСИГУРУВАЊЕ, 65 отсто од вработените се жени, а 66 отсто од лидерските позиции
ги држат исто така жени. Ова не е случајност – тоа е резултат на нашата
посветеност кон создавање еднакви можности за сите.

Кампањата „Сигурна во секој чекор“ е инспирирана
од секоја жена која носи одлуки, за своето семејство, својот дом или своето
здравје. Нашата цел е да им овозможиме на жените да се чувствуваат финансиски
заштитени, бидејќи знаеме дека финансиската стабилност е основа за сигурна
иднина. Со оваа иницијатива сакаме да испратиме јасна порака: жените
заслужуваат сигурност, поддршка и рамноправност во сите аспекти на животот, вклучувајќи
ја и заштитата преку осигурување.

Во рамки на оваа кампања,
Халк Осигурување нуди 15% попуст на полисите за осигурување на домаќинство и
осигурување од тешки болести. Како овие понуди можат да им помогнат на жените
да ја обезбедат својата сигурност и здравје?

Сигурноста започнува со мудри одлуки, а
осигурувањето претставува клучен чекор кон финансиска и лична стабилност. Со 15%
попуст на осигурување на домаќинство, жените добиваат можност да го заштитат
својот дом – место кое симболизира топлина, љубов и сигурност. Без разлика дали
станува збор за природни непогоди, пожар или кражба, ова осигурување им дава
спокојство дека нивниот дом е заштитен.

Од друга страна, осигурувањето од тешки болести е
клучно за секоја жена која сака да биде финансиски подготвена за непредвидени
здравствени предизвици. Во моменти кога здравјето е најважно, финансиската
поддршка што ја нудиме може да направи голема разлика. Ова осигурување значи
дека жените можат да се фокусираат на своето закрепнување, наместо на
финансискиот товар што може да го донесе болеста.

Преку оваа кампања, ги охрабруваме жените да
преземат проактивни чекори за својата иднина, нудејќи им сигурност и заштита за
нив самите и за нивните најблиски.

Кампањата се спроведува во
месецот на жената. Какви пораки или вредности се пренесуваат преку овие понуди
и што би им порачале на жените кои размислуваат да ја искористат оваа можност?

Преку оваа кампања, испраќаме силна порака дека
жените се столб на секое семејство и секое општество, а нивната сигурност е
наша заедничка одговорност. Ги охрабруваме жените да преземат активна улога во
носењето финансиски одлуки, да инвестираат во својата иднина и да го заштитат
она што им е најважно.

Би им порачала на сите жени: Бидете сигурни во
секој чекор што го правите! Вие сте тие што го градите вашиот пат, а ние сме
тука да ве поддржиме.
И затоа, ова е вистинска можност да инвестирате во вашата сигурност, без
разлика дали е тоа заштита на домот или осигурување кое ќе ви донесе поспокоен
ум во секоја ситуација.

Дали може да очекуваме
слични кампањи или понуди од Халк Осигурување и во иднина? Какви се плановите
за понатамошно зајакнување на поддршката на жените и нивните потреби во
осигурувањето?

Како компанија која секогаш стои зад принципите
на еднаквост и поддршка, ќе продолжиме со вакви иницијативи и во иднина. Нашата
визија е да создадеме одржливи решенија за финансиска сигурност, не само во
месецот на жената, туку во текот на целата година.

Во иднина планираме нови програми и производи кои
ќе одговараат на потребите на жените – од осигурување наменето за поддршка на
самостојни претприемачки, до нови здравствени и семејни осигурителни решенија.

Продолжуваме да инвестираме во рамноправноста во
нашата компанија, во еднакви плати, можности за напредок и кариерен развој,
затоа што веруваме дека вистинската поддршка за жените не може да се постигне
само преку вербални заложби, туку неопходни се конкретни иницијативи и решенија.

Затоа, можам со сигурност да кажам дека оваа
кампања е само еден чекор во нашата долгорочна мисија – да создадеме можности
за сите жени во нашето општество да се чувствуваат стабилни и сигурни во секој
чекор.

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026
Македонија

Трагедија во Кучково: Маж пронајден мртов под автомобил

07/06/2026
Македонија

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да

07/06/2026
Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
Македонија

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

07/06/2026
Македонија

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените

07/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43640
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026

На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат

Трагедија во Кучково: Маж пронајден мртов под автомобил

07/06/2026

На 06.06.2026 во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково, скопско под патничко возило „опел“ со скопски

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да важи на MTAG лентите

07/06/2026

Возачите кои користат електронска картичка MCard треба да се подготват за промени при плаќањето на патарините. Јавното претпријатие за државни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy