Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цеков бара широк национален консензус: „За идентитетот и јазикот нема преговори“
Македонија

Цеков бара широк национален консензус: „За идентитетот и јазикот нема преговори“

05/05/2026

AA

„Уставните измени не смеат да бидат одлука на поединец, туку производ на зрелост и единство на сите политички чинители“, смета независниот пратеник Миле Цеков. Тој порачува дека европскиот пат е неопходен, но само доколку македонските идентитетски столбови останат недопрени.

Независниот пратеник Миле Цеков, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, испрати јасна порака до домашната јавност и политичките лидери во врска со најчувствителното прашање во државата – уставните измени и евроинтеграциите.

Цеков децидно ги отфрли сите обиди за редефинирање на неговиот став, нагласувајќи дека македонскиот јазик и култура се основата на неговото политичко делување.

„Повторувам, јас сакам мојата земја Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија, меѓутоа со јасен, чист македонски јазик, идентитет и култура. Тие теми не се за преговарање. Суштински, тие се темелот на нашето постоење“, изјави Цеков.

Тој потсети дека легитимитетот што го добил од граѓаните на изборите се заснова токму на ветувањето за заштита на националните интереси и дека нема намера да отстапи од тој наратив.

Според него, еден од најголемите проблеми е што уставните измени се користат за внатрепартиски пресметки, наместо да се пристапи со државничка одговорност.

Иако фокусот на јавноста е насочен кон Уставот, Цеков предупредува дека вистинската промена мора да се случи дома. Тој смета дека пренагласеното значење на уставните измени често служи како изговор за нерешавање на реалните проблеми.

„Европа нема да дојде да ни го исчисти ѓубрето, ниту е виновна за корумпираните директори, судии и обвинители. За тоа сме виновни самите. Нема да се промениме магично само со пристапување кон ЕУ ако не почнеме да се менуваме веднаш одвнатре“, заклучи пратеникот.

Цеков останува на ставот дека евроинтеграциите се клучни за младите да не ја напуштаат земјата, но дека тој процес мора да се води достоинствено и со целосна заштита на националното достоинство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46901
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy