Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митовски: Случајот со возилото е измислен, МВР се користи за политички притисок
Македонија

Митовски: Случајот со возилото е измислен, МВР се користи за политички притисок

05/05/2026

AA

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ги отфрли како шпекулации наводите за негова вмешаност во инцидент во полициската станица и упати сериозни обвинувања за организиран политички притисок врз него и општинската администрација. Во емисијата на 4ТВ, тој истакна дека МВР се обидува да покаже „апсолутна политичка моќ“ преку серија незаконски постапки.

Митовски ги демантираше пишувањата на одредени медиуми дека насилна отстранувал пломби од возило во сопственост на неговиот брат. Тој потенцира дека поминале повеќе од два месеци од настанот (кој се случил во март), а сè уште нема официјална пријава, што според него е јасен доказ за тенденциозноста на случајот.

„Возилото е одземено целосно спротивно на законите – додека било паркирано, а не во движење. За таа намена е ангажирана пајак-служба од соседен град без никаков договор за меѓуопштинска соработка. Ова е класично сценарио за нарушување на мојот личен углед“, вели Митовски.

Покрај личните напади, градоначалникот алармира за невидена институционална опструкција врз работата на локалната самоуправа. Тој откри дека од почетокот на годинава до денес, МВР испратило повеќе од 80 активни барања за документација до Општина Крива Паланка.

Според него, криминалистичката полиција отвора предмети за буквално секоја тендерска постапка или проект кој се спроведува во градот.

„На шала велам дека ќе треба да вработиме посебно лице во општината кое ќе работи само на предметите што ни ги праќа МВР. Се бараат тендерски документации, проекти, записници… Целта е по секоја цена да се изнајде нешто за да се нападне мојата позиција“, истакна градоначалникот.

Митовски е дециден дека зад овие постапки стојат политички центри кои сакаат да го вратат времето на полициска репресија. Тој изрази жал што чесните луѓе во општинската администрација, кои го посветиле животот на развојот на градот, сега се изложени на постојан притисок и проверки.

„Крива Паланка е мал град и сите знаеме од каде доаѓаат овие наредби. Наместо да бидат сервис на граѓаните, одредени структури во МВР се обидуваат да бидат фактор во политичката борба“, заклучи Митовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46085
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе

09/10/2026

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy