Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каевски: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е директна штета за граѓаните и општините
Македонија

Каевски: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е директна штета за граѓаните и општините

02/02/2023

AA

„ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски продолжуваат со добро познатата пракса на скапи и нетранспарентни задолжувања“, рече на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Мицкоски најави, а неговите градоначалници спроведуваат скапи задолжувања на општини кои важат за едни од финансиски најстабилни.

Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп се општините кои преку општински обврзници ќе ги задолжат своите граѓани.

Заедничко за сите задолжувања е што тие се прават без да се наведе за што ќе се употребат парите, без да биде наведен рокот на отплата, а никој не знае ни колкави ќе бидат каматните стапки, кои поради економската криза стануваат се повисоки.

Она што се знае е дека овие обврзници ќе може да ги купи секој, вклучително и крупниот бизнис и големи компании кои потоа можат да влијаат врз работата и носењето на одлуки на градоначалниците и Советите.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку владата што ја предводи ги раздолжи општините.

50 милиони евра беа исплатени кон општините за да се расчистат долговите што локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги направи до 2017 година.

По 12 годишното владеење со општините, ВМРО-ДПМНЕ остави задолжени општини, општини со блокирани сметки и општини без проекти.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ го прави истото, со неспособноста на градоначалниците се прави огромна штета врз општините, која со години нема да може да се поправи.

Ништо не се менува во партијата предводена од Мицкоски.

Неработење, партизација, масовни вработувања, поскапи услуги за граѓаните и задолжени општини – така ВМРО-ДПМНЕ ја практикува локалната власт“, порача Каевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
Македонија

Јахији повикува на обединување пред вториот круг во Брвеница: „Трката

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА Е НОВ ШЕФ НА ОЈО ГОКК Неофицијално

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46418
  • Регион 3999
  • Свет 18
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И НЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК Кривични пријави

28/10/2026

Речиси 580.000 евра пристигнале од Германија на девизната сметка на 71-годишна жена од радовишкото село Коџалија, а нејзиниот 47-годишен син

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски вели дека 76 милијарди денари

28/10/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, тврди дека во првите две години од владеењето на неговата партија платите и пензиите бележат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy