Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Им  дозволиле да се копаат суровини во Зајас без да им наплатат колку што треба
Магазин

Им дозволиле да се копаат суровини во Зајас без да им наплатат колку што треба

22/07/2024

AA

Денеска (22.07.2024) од страна на Единицата за корупција при  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Д.А. (26) од Кичево и Б.А. (34) од Кичево, заради постоење на основано сомнение дека  сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување, предвидено и казниво по член 353 од КЗ и против Ф.Ч. (54) од Дебар, Е.Љ. (61) од Теарце-Тетово, Ј.К. (47) од Тетово, А.М. (42) од Скопје, К.Ш. (51) од Скопје, Ф.А. (47) од Куманово, и Ф.Р. (64) од Скопје заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по чл.353-в од КЗ.

Пријавениот Д.А., во својство на  одговорно лице управител во правно лице од Кичево (во период од 2017 со сега), заедно со пријавениот Б.А., во својство на одговорно лице управител на правно лице од Кичево (во период од 2008 година до 2017 година) ја злоупотребиле својата службена положба и овластување со намера да прибават противправна имотна корист. Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на чл.75 ст.1,2 и 3 од Закон за минерaлни суровини и чл.11 од Договор за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и Владата на РСМ, претставувана од страна на тогашниот министер за економија. Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, пресметани согласно тарифникот за утврдување на висина на надоместоци за издавање на дозволи и концесии, како и да достават геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, со прецизно наведени количини на откопана количина на минерални суровини и периодот во кој тоа е извршено, предвидено во чл.64 од Закон за минерални суровини, со што постапиле спротивно на Законот и одредбите од предметниот договор за концесија, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1.671.894 денари, при што предизвикале штета и на Буџетот на Р.С.Македонија.

Дополнително, пријавените Д.А. и Б.А.  преку правното лице, користејќи ги придобивките од концесијата, која била активна и покрај прекршувањата на одредбите од Законот и самиот Договор, кој доколку бил навремено раскинат и не би можеле да го остварат, не би биле во можност да бидат избрани како носители на договори за јавни набавки во државните институции АД„ЕСМ“ во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ.
Согласно горенаведеното, пријавените Д.А. и Б.А. го сториле кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по чл. 353 од КЗ.
Пријавените Ф.Ч., Е.Љ., Ј.К., А.М., и К.Ш,  во својство на службени лица во Министерство за економија, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности кои согласно правилникот за систематизација на работните места во Министерството за економија биле должни да ги почитуваат. Истите пропуштиле да извршат должен надзор над реализација по основ на договор склучен помеѓу Владата на Р.С. Македонија претставувана од министерот за економија и правното лице од Кичево, односно договор за доделена концесија за ископ на градежно-технички камен „варовник“ и без да утврдат дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, му овозможиле на правното лице да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи. Согласно горенаведеното, пријавените извршиле кривичното дело „несовесно работење во службата“ предвидено во членот 353-в од КЗ.

Пријавените  Ф.А. и Ф.Р.  во својство на службено лице во Државен инспекторат за техничка инспекција, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности,  при што истите над концесионерот од Кичево не извршиле надзор во согласност со чл. 100, 101, 102, 103 и 104 од Законот за минерални суровини (кои се во надлежност на Државниот инспекторат за техничка инспекција), при што во записник за инспекциски надзор не констатирале законски пропусти во однос на активната концесија за ископ на градежно-технички материјал „варовник“.

Пријавените Ф.А. и Ф.Р. пропуштиле да извршат должен надзор и во записникот од извршен надзор не констатирале дека концесионерот во моментот не ги исполнувал законските обврски согласно чл. 62, ст.1, ст.2, ст.3, ст.4, и ст.6, чл.64 ст.3, чл. 66, чл.78, чл. 79 и чл.104 од законот за минерални суровини, при што не му изрекле мерка за прекршок и му овозможиле на правното лице да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи, со што го извршиле кривичното дело „несовесно работење во службата“ предвидено во членот 353-в од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, а со тоа нанеле штета на Буџетот на РСМ.

Согласно наведеното, пријавените извршиле службени дејствија кои што не смееле да ги извршат, односно сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 и „несовесно работење во службата“ предвидено во членот 353-в од КЗ на РСМ, , при што предизвикале штета и на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 1.671.894 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец

06/06/2026
Македонија

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026
Македонија

Здравствената состојба бара да мирува, рече премиерот Мицкоски за градоначалникот

06/06/2026
Македонија

Љутков најавува инспектори за македонски јазик во секоја институција, почнува

06/06/2026
Македонија

Активирани агенти со лажен идентитет за инфилтрирање во македонски нарко-банди

06/06/2026
Македонија

Помалку седишта, но десеткратно побезбедна: Како ќе изгледа новата Универзална

06/06/2026
Македонија

Давкова: Може ли една претстава да нè освести до болка

06/06/2026
Македонија

Ќе се довршува споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија

06/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43632
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец жалејќи се од музиката која

06/06/2026

Жителите на скопската населба Капиштец тврдат дека веќе две децении живеат под постојан стрес и нарушен мир поради работењето на

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026

На денешниот „Марш на исклучените“, организацијата „Икуалити“ собра луѓе со попреченост, родители со колички, велосипедисти, деца и граѓани од сите

Здравствената состојба бара да мирува, рече премиерот Мицкоски за градоначалникот на Карпош Лукровски

06/06/2026

Премиерот одговараше на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски. Иако лекарската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy