Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И покрај обвинувањата, Трамп добива на сила меѓу републиканците пред изборите следната година
Македонија

И покрај обвинувањата, Трамп добива на сила меѓу републиканците пред изборите следната година

04/04/2023

AA

И покрај тоа што се соочува со кривични пријави, поранешниот американски претседател Доналд Трамп добива водство пред неговите ривали за номинација на Републиканската партија за претседателските избори следната година, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена вчера.

Околу 48 отсто од самоидентификуваните републиканци сакаат Трамп да биде претседателски кандидат на партијата, што е повеќе од 44 отсто во претходната анкета спроведена од 14 до 20 март.

Во меѓувреме, поддршката за гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, најблискиот противкандидат на Трамп, падна од 30 отсто минатиот месец на 19 отсто во тековната анкета на Ројтерс. Направен е на интернет помеѓу 31 март и 3 април, откако беше објавено дека Трамп ќе биде обвинет за кривично дело затоа што и платил на порно ѕвезда пред изборите во 2016 година да не ја открие нивната тајна врска, потсетува агенцијата. Се очекува поранешниот претседател да се изјасни за „невин“ на неговото денешно појавување пред судот на Менхетен.

Околу 71% од испитаниците во тековната анкета, вклучително и 58% од републиканците, сметаат дека е веројатно дека Трамп и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да не ја открива нивната афера пред претседателските избори во 2016 година. Во исто време, 51% од испитаниците, вклучително и 80 % од републиканците сметаат дека мотивите зад обвинувањата против него се политички, пренесе БТА.

Тие бројки беа главно непроменети од истражувањето во март, забележа Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44910
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy