Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТСКА УРИВА ТУРИСТИЧКИ РЕКОРДИ: Подобро е од пред пандемијата, а една дестинација е посебно омилена
Економија

ХРВАТСКА УРИВА ТУРИСТИЧКИ РЕКОРДИ: Подобро е од пред пандемијата, а една дестинација е посебно омилена

03/07/2023

AA

Во Хрватска, во првите шест месеци од годинава, 6,7 милиони
туристи оствариле 27,3 милиони ноќевања, што е за 16 или 10 отсто
повеќе во однос на истиот период лани и четири отсто повеќе ноќевања во однос
на првиот квартал од 2019 година.

Според податоците од eVisitor и eCrew кои ги објави HTZ,
само во јуни во Хрватска имало 2,9 милиони туристи или два отсто повеќе од
лани.

Министерката за туризам и спорт и претседател на ХТЗ
Николина Брњац рече дека верува оти сите можат да бидат задоволни од
туристичките показатели за првата половина од годинава.

„Одличните резултати од туристичкиот сообраќај, кој е над
нивото од истиот период во 2019 година, се придружени со рекордни финансиски
показатели. Според податоците на CNB, приходите од странски туристи за првиот
квартал изнесуваат 672 милиони евра, што во однос на референтните први три
месеци од 2022 година, претставува зголемување од 38 отсто, односно приходи
повисоки за 186 милиони евра. Сите овие податоци укажуваат дека сме на добар
пат, дека зад нас е една од најдобрите претсезони на хрватскиот туризам“, рече
таа.

Истра е број еден

Истра имала најмногу ноќевања за шест месеци, 8,5 милиони
или седум отсто повеќе од минатата година, а на второ место е Сплит-Далмација
со 4,7 милиони ноќевања или 11 отсто повеќе.

ФОТО: Unsplash/Vlado Sestan

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy