Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОДИГАРДОТ НА СТИПЕ МЕСИЌ СЕ РАЗНЕСЕ СО БОМБА: Во експлозијата загинала и неговата партнерка
Регион

БОДИГАРДОТ НА СТИПЕ МЕСИЌ СЕ РАЗНЕСЕ СО БОМБА: Во експлозијата загинала и неговата партнерка

03/07/2023

AA

Поранешниот
хрватски специјален агент кој го обезбедлувал хрватскиот политичар Сипе Месиќ
со бомба се разнел себе си и неговата поранешна партнерка. Нејзината ќерка (15)
успеала да се спаси.

Ѓуро Бурец (56)
со години ја демнел својата поранешна партнерка. Неодамна ја нападнал во станот
во којшто живеела, кога активирал бомба со која се разнел себеси и неа, а
ќерката на жената успеала да побегне пред експлозијата.

Со години не можел
да прифати дека жената со која се гледал кратко време не сака ништо да има со
него. Носел секира во рацете и дошол во нејзиниот стан, пишуваат хрватските
медиуми.

„Заспавме кога
слушнавме врисоци. Мислев дека се деца бидејќи по крајот на учебната година, сите
се надвор. Во секунда се слушна бомба, експлозија“, вели соседот Иван
Жежељ, кој живее во соседната куќа. Убиецот упаднал во собата во која спиела жената а хаосот ја разбудил и
нејзината ќерка. Жената потоа скокнала врз напаѓачот. Тој херојски чин на
мајката бил доволен да ја спаси нејзината ќерка, која ја отклучила влезната
врата и истрчала да побара помош.

За жал, како што соопшти полицијата по истрагата, Бурец ја
активирал бомбата и се разнел себеси и својата поранешна партнерка која ја
демнел.

Според соседите, агонијата на жената со Ѓура траела речиси
три години.

„Тие навистина се гледаа некое време, но кога таа сфати
каков е тој, не сакаше ништо да има со него. Потоа почнала да доживува ужас и
никогаш немала мир. Доаѓаше овде со кола и се возеше наоколу. До зградата дошол
и со велосипед. Ќе имала еден месец мир, а потоа се би почнало од почеток“,
изјавиле згрозени соседи за порталот 24sata.hr.

Инаку, Бурец е поранешен хрватски специјалец кој бил ангажиран како обезбедување на видни
функционери во Владата, Собранието, МУП. Меѓу нив се Мартин Шпегељ, Јосип Бољковац и Стипе Месиќ.

ФОТО: Screenshot/Facebook

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy