Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЧКИ КЛИНИКИ НА ДИВО СОВЕТУВАЛЕ ПАЦИЕНТКИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ИН ВИТРО ПО СКОПСКИ ХОТЕЛИ Гинеколозите револтирани, Инспекторатот направил вонреден надзор
Македонија

ГРЧКИ КЛИНИКИ НА ДИВО СОВЕТУВАЛЕ ПАЦИЕНТКИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ИН ВИТРО ПО СКОПСКИ ХОТЕЛИ Гинеколозите револтирани, Инспекторатот направил вонреден надзор

30/01/2026

AA

Лекари од Грција без одобренија регрутираат пациентки од Македонија за ин-витро

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со појава на медицински консултантски услуги надвор од здравствените установи и навремено реагира. При најмал сомнеж веднаш се иницира вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), како што беше постапено и во последниот случај кој беше предмет на јавен интерес, велат од Министерството за здравство, откако јавноста дозна дека грчката клиника за асистирана репродукција Newlife IVF Greece, со помош на локални посредници во хотели во Скопје, организира средби со пациентки од Македонија кои се борат со неплодност.

„Во тек е темелна реформа на повеќе закони од областа на здравството, меѓу кои и постојниот Закон за здравствена заштита, каде е регулирано рекламирањето и давањето консултантски услуги. Работните групи формирани за реформа на законските решенија ги разгледуваат можностите за унапредување и зајакнување токму на овој сегмент од законската регулатива. Нашата цел како Министерство е да ги заштитиме граѓаните од која било форма на злоупотреба, поврзана со обезбедувањето медицински услуги надвор од здравствените установи“, се додава во одговорот од Министерството за здравство испратен до Плусинфо.

Приказната отишла во етер, а консултациите онлајн

Како што објави „Слободен печат“, во скопски хотели се одвивала мрежа на „медицински консултации“, што отвора сериозни сомнежи за заобиколување на македонските закони за ин-витро, односно за биомедицинско потпомогнато оплодување. Следните консултации биле закажани за 7 февруари во Скопје, но биле откажани со образложение „непредвидливи околности“, откако приказната добила медиумски интерес. Наводно, тие биле префрлени онлајн.

Преку социјалните мрежи било најавено дека консултациите ќе ги држи извесен лекар Димитриос Довас, кој немал времена лиценца од Лекарската комора на Македонија за такви активности во земјава.

„Возбудливи вести за нашите пријатели во Северна Македонија! Не мора да патувате преку границата за да добиете стручен совет што го заслужувате. На 7 февруари, тимот на Newlife IVF Greece ја носи нашата експертиза во Скопјe. Д-р Довас и Елена Најдоска ќе бидат домаќини за бесплатни, приватни медицински консултации. Ова е вашата шанса да разговарате за вашето патување кон плодноста во опуштена атмосфера без притисок, само професионално водство и персонализиран план за вашата иднина“, се наведува во објавата на Фејсбук на грчката клиника.

Од ДЗСИ објаснуваат дека такви консултации за пациенти се дозволени само во здравствени установи, а не во хотели. Инспекторат најави дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во хотелот и врз основа на констатираната состојба ќе постапи согласно законските надлежности.

Во меѓувреме, дознаваме дека се откажани и консултациите закажани за денеска и за утре за во друг скопски хотел, од друга клиника од Солун. И тие биле најавени преку социјалните мрежи.

Македонските гинеколози бараат контрола врз ваквите активности

Гинеколозите од Македонија што се занимаваат со ин-витро ја сметаат ваквата пракса за нелојална конкуренција. Реагираше Здружението за хумана репродуктивна медицина, кое се спротивставува на ваков тип неконтролирани здравствени услуги, без соодветни дозволи од нашите институции.

– На македонските доктори ваков тип услуги во странство не им е дозволен, без соодветни одобренија од надлежни институции. Од Лекарската комора на Македонија нè известија дека барања за дозволи за ваков тип здравствени услуги нема во процедура ниту некогаш биле побарани и дека како такви овие активности вршени вон здравствени установи и без соодветна дозвола се сметаат за здравствени услуги спротивни на одредбите од Законот за здравствена заштита. Активностите се организираат преку социјалните мрежи и форуми и немаме повеќе информации за лицата кои се посочуваат како организатори. Не навлегувајќи во мотивите и структурата на пациентите кои би се регрутирале со вакви активности, ниту негирајќи го основното право на пациентите за свои средства да изберат институција за лекување, ја потенцираме потребата од контрола врз вакви активности – изјави за „Слободен печат“ професор доктор Глигор Димитров, претседател на Здружението за Хумана репродуктивна медицина.

Како што може да се види од објави на социјалните мрежи на клиниката Newlife IVF Greece такви консултации биле организирани и лани во скопски хотел, но очигледно немало соодветна реакција од надлежните. Ќе постапат ли соодветно овој пат?

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45585
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека четири се ставени под контрола, покажуваат најновите податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy