Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се скроти ли галопирачката инфлација во Македонија?
Економија

Ќе се скроти ли галопирачката инфлација во Македонија?

28/09/2023

AA

Македонија е една од земјите со највисока стапка
на инфлација во Европа, која во последните две години се движи во двоцифрени бројки и е значително повисока од европскиот просек.

Во последните пет години дојде до екстремно
поскапување на храната, угостителските услуги, домувањето, режиските трошоци, а
глобалните кризи само дополнително ја влошија состојбата.

Криза по криза

Во годините пред глобалните кризи националната
стапка на инфлација на годишно ниво се движеше од 1 до 2 отсто и најголеми
последици врз животниот стандард на граѓаните имаа поскапувањата на струјата и
останатите енергенси.

Сепак, првиот значителен скок на цените, кој
силно го наруши животниот стандард, дојде за време на карантините во текот на
корона кризата и глобалната пандемија во 2020 година.

Кога се сметаше дека една криза е завршена и дека
светот се враќа во нормала со укинување на рестрикциите за движење, патување и
трговија, дојде новата криза предизвикана од воената инвазија на Русија врз
Украина.

Во 2021 година годишната стапка на инфлација
достигнала 4,9 отсто, значително повеќе од 2020 година кога годишната стапка на
инфлација била 2,3 отсто.

Веќе во 2022 година со глобалната криза за
енергенси, храна и неизвесност инфлацијата скокна на дури 18,7 отсто.

За споредба европскиот просек изнесува околу 9 отсто стапка на инфлација, а внатре во Унијата највисока стапка на инфлација има
Унгарија со речиси 18 отсто.

Има ли изгледи за враќање на инфлацијата во
преткризните стапки?

Годинава очекуваната инфлација според НБРМ ќе
изнесува околу 9 отсто. Според податоците на Народна банка на Македонија кои се најнови и се однесуваат на август годинава, трошоците на живот се зголемиле за 8,3 отсто во август годинава споредено со истиот месец лани, додека, пак, гледано кумулативно, во првите осум месеци од годинава во однос на истиот период лани зголемувањето на трошоците изнесувало 12,2 отсто. 

Индексите за цените на храната на светските берзи
кои ги мери ФАО покажуваат значителен пад и се најниски споредено со пикот на кризата
во изминатите години.

Во меѓувреме храната во Македонија постојано
поскапуваше и Владата презеде неколку мерки за замрзнување и контрола на цените
во маркетите, но главните критики се дека се задоценети и дека нема соодветна
контрола на терен за „самоволието на трговците“.

Недовербата во институциите, злоупотребата на
глобалните кризи и профитерството, се најголеми проблеми за Македонија и
справувањето со галопирачките цени кои значително го срушија животниот
стандард, во период кога трошоците за живот и синдикалната потрошувачка
кошничка постојано растат. 

Х. С. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy