Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЗР: Утврдени слабости во планирањето и трошењето на буџетот за 2024 година
Македонија

ДЗР: Утврдени слабости во планирањето и трошењето на буџетот за 2024 година

30/12/2025

AA

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај објавен на 30 декември 2025 година, нотира сериозни слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година. Иако буџетскиот дефицит од 4,4 проценти од БДП е понизок во однос на претходната година, тој сепак го надминува законски утврденото ниво од 3,4 проценти предвидено со Фискалната стратегија.

Ревизорите утврдиле дека со ребалансот на Буџетот од август и прераспределбата од декември 2024 година, направени се значајни измени во структурата на трошењето. Најголемо зголемување е забележано кај субвенциите и трансферите за дури 38 проценти, додека капиталните расходи се намалени за 27 проценти. ДЗР укажува дека Министерството за финансии не ја земало предвид препораката на Фискалниот совет да прекине праксата на пренамена на капиталните средства во тековни расходи, со што би се намалил дефицитот и би се отворил простор за инвестиции.

Еден од клучните проблеми е лошото планирање. Од анализираните 31 буџетски корисник, Министерството за финансии самостојно изготвило предлог буџет за 16 проценти од нив бидејќи институциите не доставиле стратешки планови. Ова создава ризик донесениот буџет да не ги одразува реалните потреби на корисниците.

Ревизијата открива и законски прекршувања кај специфичните буџети. И покрај законската забрана за кратење на средствата на Судската власт при ребаланс, нивниот буџет е намален за над 42 милиони денари. Исто така, државата не ги обезбедува законски предвидените средства за рамномерен регионален развој. Наместо задолжителните 1 процент од БДП, преку Министерството за локална самоуправа се распределени само 0,08 проценти.

Во однос на јавниот долг, состојбата е загрижувачка. На крајот на 2024 година, јавниот долг достигнал 9,6 милијарди евра или 62,4 проценти од БДП, што е зголемување за 13,5 проценти во споредба со 2023 година. Ревизорите алармираат и за неефикасно управување со кредитите од странство. Од вкупно одобрени проекти вредни 3,7 милијарди евра, искористени се само 37 проценти, додека државата платила провизии за неповлечени средства во износ од 23 милиони евра.

На локално ниво, финансиската нестабилност се продлабочува. Во декември 2024 година, дури 10 општини биле со блокирани сметки. Вкупните доставени налози за извршување во Министерството за финансии изнесуваат 1,8 милијарди денари, при што голем дел од долгот отпаѓа на камати и дополнителни трошоци.

Позитивен тренд е забележан кај наплатата на даночните приходи, каде Управата за јавни приходи и Царинската управа оствариле зголемување кај ДДВ, данокот на добивка и данокот на личен доход. Сепак, овој успех е засенет од одлуката на Уставниот суд со која е поништен Законот за данок за солидарност. Како резултат на ова, државата ќе мора да им врати на компаниите околу 49 милиони евра.

На крајот, ревизорите изразуваат загриженост за забавеното темпо на имплементација на новиот Интегриран финансиски информациски систем (ИФМИС), кој треба да го модернизира управувањето со јавните финансии, а чија примена е одложена за почетокот на 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата на свој граѓанин може да

14/10/2026

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е КУКАВИЦА И КЛЕВЕТНИК Жестока препирка

14/10/2026

Размена на обвинувања и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy