Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Македонија

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

30/12/2025

AA

Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.  

Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржаниод СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА. 

Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.

ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45695
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400 КГ Двајца се во притвор,

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми успеале да изнесат од куќа во тетовското село Палчиште четворица осомничени за серија тешки кражби.

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy