Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга – 60 отсто преферираат да отидат на шалтер
Македонија

Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга – 60 отсто преферираат да отидат на шалтер

19/03/2023

AA

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Според анкетата, 58,2 проценти од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9 отсто велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн.

Истражувањето покажало дека повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години, само 19,1 отсто услугата би ја завршиле онлајн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44 проценти.

Според образовната структура, истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така, ако 62,1 отсто од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6 проценти од оние кои немаат завршено ни основно образование.

Анкетата покажува дека над две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга во некоја јавна институција. Додека само 26,5 проценти изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции, а дури 69,2 отсто никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн.

Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство. Дури 87,4 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции, додека само 11,6 проценти велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6 отсто користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6 проценти и катастарот со 7,8 отсто.

Граѓаните во мнозинство велат дека не стравуваат за своите лични податоци со кои располагаат државните институции, иако, една третина од анкетираните сè уште се скептични. Процентот на оние кои сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени е 44, а 32,1 отсто сметаат дека не се.

Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните пет години. Од анкетираните, 35 отсто сметаат дека денес не е ниту полесно, ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред пет години, 30,3 проценти сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7 отсто сметаат дека се добиваат потешко.

Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3 отсто од анкетираните, додека 23,7 проценти се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки.

Споредбата со истото прашање кое „Детектор“ го имал пред четири години покажува дека граѓаните денес во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И

20/11/2026
Македонија

ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС

20/11/2026
Македонија

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени

20/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес

20/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА

20/11/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46854
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И ТВРД ПРЕДМЕТ Двајца охридски полицајци

20/11/2026

Тројца полициски службеници, двајца од Охрид и еден од Србија, се под сомнение дека употребиле физичка сила, гумена палка и

ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС НА ТУЃА ДНК Вештакот на

20/11/2026

Со испитување на вештото лице во областа на криминалистиката, Атанас Козарев во Кривичниот суд во Скопје продолжи судскиот процес против

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени има во Тетово и во

20/11/2026

Од 9 ноември до 15 ноември пријавени се 154 случаи на грип во државава, што е зголемување во однос на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy