Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денес е Светиот свештеномаченик Артемон
Македонија

Денес е Светиот свештеномаченик Артемон

26/04/2024

AA

Беше свештеник во Лаодикија во времето на царот Диоклецијан. За себе пред судијата мачител рече: „Се викам Артемон, роб на Христа мојот Бог; шеснаесет години бев чтец и читав книги во Црквата на мојот Бог; дваесет и осум години бев ѓакон и го читав Светото Евангелие; триесет и три години наполнив како презвитер поучувајќи ги луѓето на патот кон спасението со помош на Христос“. Судијата го воведе во храмот на Ескулап, каде што жреците негуваа големи змии посветени на тој „бог“. Сите мислеа дека змиите ќе го каснат Артемон. Но тој се прекрсти и со силата на крстот ги прикова сите тие змии на земја, така што не можеа да мрднат. Сите ги опфати ужас. Главниот жрец на храмот, Виталиј, штом го виде ова чудо падна на колена пред Артемон и возвикна: „Голем е христијанскиот Бог!“ Него, а и неколкумина пријатели со него, свети Артемон ги крсти. Но злочестивиот судија остана упорен и го мачеше старецот Артемон со разни маки. Еднаш сакаше да го фрли во врела смола, но самиот падна од коњот и падна во неа и изгоре. При ова беа видени два орли како се нафрлија врз него, го оттргнаа од коњот и го фрлија во смолата. Свети Артемон остана слободен и извесно време одеше наоколу со двата верни елени што го придружуваа и го поучуваше народот. Но повторно го фатија и го убија во 303 година. Неговата душа се пресели во царството на Господ Христос, Кому Артемон Му послужи верно на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026
Македонија

Пет активни пожари во повеќе општини, во Старо Нагоричане зафатена

18/08/2026
Македонија

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026
Македонија

Обвинителството постигна спогодби со осомничените за транспортот на марихуана во

18/08/2026
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45084
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026

На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24),

Пет активни пожари во повеќе општини, во Старо Нагоричане зафатена и куќа

18/08/2026

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот денеска, од кои пет се сè уште

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026

Затвореник кој бил спроведен од Штипскиот затвор на судење во Основниот кривичен суд во Струмица успеал да избега за време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy