Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демири: Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува една од најважните инвестиции во јавното здравство
Македонија

Демири: Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува една од најважните инвестиции во јавното здравство

15/02/2024

AA

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на Свечената Академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, којшто пред 3 недели беше пуштен во употреба.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

Голема е честа денеска да се обратам на Свечената Академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија.

Изминативе неколку години, оваа установа покажа како треба да се работи во интерес на пациентите и здравствените работници. Клиниката за хематологија истовремено вложуваше и во подобрување на условите за третман на пациентите, но и во унапредување на условите за работа на здравствените работници.

Покрај реновирањето на установата, тука за првпат почнаа да се прават и трансплантации на матични клетки од несроден дарител. Со трансплантациите им се даде нова шанса за живот на пациентите со малигни хематолошки заболувања.

Пред само неколку недели, беше пуштен во употреба и новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки што претставува една од најважните инвестиции во јавното здравство.

Сега, Клиниката за хематологија се етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во регионот. Задоволен сум што овозможивме најсовремен и најдобар медицински третман за пациентите.

Упатувам благодарност до директорите на оваа установа д-р Ирина Пановска Ставридис и Флутим Кадриу, до членовите на Владата, до Фондот за здравствено осигурување, но и до Амбасадата на Соединетите Американски Држави за обезбедувањето финансиски средства за реализација на оваа важна инвестиција.

Ве охрабрувам да продолжите со вашата стручна и професионална работа, во Министерството за здравство имате искрен партнер за зајакнување на здравствениот сектор. Заеднички можеме да направиме позитивни резултати!“, изјави Демири.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА Тврди

18/11/2026
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА

18/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА

18/11/2026
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
Македонија

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка

18/11/2026
Македонија

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

18/11/2026
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46827
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА Тврди дека тоа е израелска пропаганда

18/11/2026

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен терористички план на фактори што се поврзуваат со

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Одбраната на Груби

18/11/2026

Со вкрстено испитување на вештото лице Анита Поповска од страна на одбраната на второобвинетиот Артан Груби, денеска во Основниот кривичен

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА РАСПРАВА Пренџов ги повика сите

18/11/2026

Во понеделник ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy