Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании
Економија

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

26/04/2024

AA

Сопствениците на „Флекс кредит“, најголемото финансиско друштво за брзи кредити во Македонија, одлучиле да формираат и Агенција за наплата на долгови, или заостанати побарувања за клиенти од различни сектори – телекомуникациски сектор, банкарски сектор, комунални претпријатија и останати приватни компании.

Бугарската компанија MV Finance и Горан Арсов од Благоевград се основачи и на тукушто формираната „Национална агенција за наплата (НАН)“ за „собирање и наплата на сметки“. Тоа се истите сопственици кои за само четири години го етаблираа финансиското друштво „Флекс Кредит“ во најголемото во државата.

„Флекс Кредит“ минатата година остварил убедливо најголема добивка од сите финансиски друштва во земјата. Со приход од 950 милиони денари, направил добивка од дури 550 милиони денари (повеќе од 9 милиони евра). Добивката е во континуиран раст. Во 2021 била 100 милиони, а веќе една година подоцна во 2022 била 270 милиони (4,42 милиони евра).

Друштвото за две години го зголемил бројот на вработени од 78 во 2021 на 253 во 2023. Останува да се види дали мрежата од многубројни филијали и вработени ќе се користи и како ресурс за „Националната агенција за наплата (НАН)“,

„Флекс Крредит“ работи во четири европски држави и имаше над 2.000 вработени и преку 130 филијали. MV Finance е основано во Бугарија во 2013 за работа со делење заеми и од тогаш има формирано над 250 канцеларии во Бугарија, Романија, БИХ, Молдавија, Македонија и Шпанија.

Во Македонија најпознати агенции за наплата се „Колекта“, „ЕОС Матрикс“ и „Про Колект“ зад кои стои странски, пред се регионален капитал. Се почесто граѓаните кои се задолжуваат или не успеваат навреме да ги платата сметките, си имаат работа со нив. Од страна на должниците се почести се реакциите дека често добиваат суптилни закани и им се нарушува приватноста од овие оператори, а имаше и негативни коментари дека им се злоупотребуваат и личните податоци.

Од друга страна, како се влошувала наплатата, така растел бизнисот за наплата на долгови. Од 2019 до 2022 година, процентот на европски компании кои работат со надворешни даватели на услуги за поврат на ненаплатените побарувања се зголемил од 42 на 46 проценти. Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. 

Во Македонија голем број на компании имаат проблеми да ги наплатаат своите побарувања. Од минатата година граѓани се жалат дека не се применува Законот за облигациони односи од страна на извршителите, а се однесува за застареност на долгови кои траат над 10 години. Но, се жалат и правните лица и извршителите кои ги застапуваат нивните побарувања, по што следуваше и иницијатива до Уставен суд. Нивното толкување е дека може да се регулираат само каматите, но дека застареност на долговите не може да има. Измените на овој закон беа донесени на средината од минатата година.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Ова е обид за убиство, а не обично насилство“: Сведоштво

02/07/2026
Македонија

Мицкоски: Немам претседателски амбиции, на следните избори одам по уште

02/07/2026
Македонија

Кога ќе има парични казни за родителите на насилниците?

02/07/2026
Македонија

Битолчани, внимание во сообраќајот: Пуштени во функција семафорите кај плоштадот

02/07/2026
Македонија

ЦУК со биланс по невремето во Скопје: Поплавени улици, домови

02/07/2026
Македонија

Затвореник силувал друг затвореник, жртвата завршила во болница

02/07/2026
Македонија

Запален багер во скопски Чаир, уапсени три лица!

02/07/2026
Македонија

Осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Ова е обид за убиство, а не обично насилство“: Сведоштво на мајката на 14-годишното дете

02/07/2026

Семејството на 14-годишното момче, кое пред десетина дена беше брутално нападнато во скопската населба Ченто, бара итна преквалификација на случајот.

Мицкоски: Немам претседателски амбиции, на следните избори одам по уште поубедлива победа

02/07/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, децидно ги отфрли шпекулациите за можна кандидатура за претседател на државата. Во гостување

Кога ќе има парични казни за родителите на насилниците?

02/07/2026

Родителите и старателите на децата кои вршат врсничко насилство наскоро ќе се соочат со парични казни. Законските измени кои го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy