Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Ја враќаме енергетската моќ во македонски раце! Министерството за енергетика со силен отчет по првата година
Економија

Божиновска: Ја враќаме енергетската моќ во македонски раце! Министерството за енергетика со силен отчет по првата година

25/06/2025

AA

Од симболичен почеток во мала канцеларија до институција со конкретни
енергетски резултати – Министерството за енергетика, рударство и минерални
суровини денес го претстави годишниот отчет за првата година од своето
постоење. На прес-конференцијата, министерката Сања Божиновска порача дека во
изминатите 12 месеци е поставена основа за енергетска стабилност, сигурност и
модерен развој.

– Пред една година имавме само идеја, еден документ и една канцеларија.
Денес имаме институција со 109 професионалци, институција што носи резултати.
Оваа година беше доказ дека можеме – следната ќе биде доказ дека не
застануваме – изјави министерката Сања Божиновска.

Беше презентиран отчет со детални бројки и мерки кои
покажуваат структурни промени во енергетскиот систем. Прв и најзначаен чекор, донесувањето на новиот
Закон за енергетика – подготвен од домашни експерти, усогласен со европските
директиви и поздравен од ЕУ и Енергетската заедница.

Со Законот се воспостави целосна либерализација на пазарот,
дигитализација, воведување паметни броила и обврска за складирање енергија со
батериски системи. Воведени се граѓански енергетски заедници. Фотоволтаици на
згради за помали сметки, граѓаните ќе можат и да продаваат струја. Поттик и за
Електромобилност – достапни полначи, намалени царински стапки.

За првпат се воведе методологија за енергетска сиромаштија и законска
забрана за исклучување струја на ранливи категории во зима.Обезбедени се 60 милиони денари директна поддршка за ранливи категории,
со најави за нови субвенции до крајот на годината;

Донесен е десетгодишен план за развој на преносната мрежа и за првпат
МЕПСО е под надлежност на Министерството.

Во рамките на рударството, спроведени 405 инспекции и одземени концесии
кај прекршителите. Со новиот тарифник, во првиот квартал на 2025 година
наплатени се 247 милиони денари од концесии – речиси двојно повеќе од лани.

– Националното богатство не смее да биде злоупотребувано. Затоа воведовме
ред, контрола и критериуми. Но и нови можности – за фер рударство, еднаков
пристап за жените, и
ќе го заштитиме македонскиот рубин како
национално богатство – нагласи министерката.

Во отчетот беа претставени и напредокот во интерконективните проекти:

  • Интерконекторот со
    Грција веќе се гради, со заштеда од 12 милиони евра и со домашна компанија
    како изведувач;
  • Поврзувања со Албанија
    и Србија, Косово
  • Започна изградба на
    трансформаторски станици во Битола, Милетково и Охрид-Елбасан;
  • Почна и реализацијата
    на ГРИД мастер планот за паметна мрежа.

Годинава стартуваа и нови инвестиции во чиста енергија:

  • Потпишани договори за
    три соларни централи („Битола 1“, „Битола 2“, „Осломеј 2“) кои ќе
    обезбедат струја за над 7.000 домаќинства;
  • Започна втората фаза
    на ветерниот парк Богданци со инвестиција од 37,6 милиони евра;
  • Водостојот на
    хидроакумулациите, по внимателно менаџирање, е стабилизиран на над 50%.

Министерството презентираше и постигнувања во модернизацијата на
пазарот:

  • За првпат издадена е
    зелена гаранција за потекло на струја;
  • Стартувано е тргување
    со електрична енергија во евра на берзата МЕМО;
  • МЕМО е назначен за
    номиниран оператор на пазарот (НЕМО);
  • Се развиваат нови
    модели за CfD аукции и спојување со европски пазари.

– Граѓаните не ги интересираат закони на хартија, туку реални ефекти.
Кога велам стабилна цена на струја, зборувам за луѓе кои имаат светло во
училница и топлина дома. Кога велам Чебрен ќе стане факт – зборувам за обврска,
не за ветување, обврска дека секој мегават од таа брана ќе биде чекора кон
нашата независност – изјави министерката Божиновска, истакнувајќи дека
енергетиката е национален приоритет.

Министерството најави нови инвестиции во паметни мрежи, системи за
складирање, електрични возила. Започна и тргување со електрична енергија во
евра на македонската енергетска берза, а за првпат е издадена зелена гаранција
за потекло на струја.

Министерството посочи и дека за првпат е формирано Советодавно тело во
рамките на институцијата – составено од врвни експерти. За прв пат редовна ресорска
координација. Формирана Комисија за следење на снабдувањето со електрична и
топлотна енергија

Од посебен акцент се и партнерствата: со универзитети,
бизнис-заедницата, инспекциски служби, ЗЛЕК, УЈП, Царината и меѓународни
институции (Светска банка, ЕБОР, IFC, UNDP). Преку ЕУ ИПА 3 започнаа зелени
инвестиции од 5,2 милиони евра, а достапни се 85 милиони долари за праведна
транзиција.

– Не се работи само за енергија. Се работи за тоа каков живот сакаме овде
– и каква држава сакаме да оставиме на генерациите што доаѓаат. Ќе има
ригорозни контроли, но и силна поддршка. Ќе инвестираме, модернизираме и ќе ја
вратиме енергетската моќ во македонски раце – чиста, стабилна и паметна.  Во нашите реки, ветрови, сонце не лежи само
енергија – туку можност Македонија да стане лидер во регионот.Македонија во 2025 ќе биде домаќин на светскиот форум за енергетска
иднина. Светските енергетски лидери доаѓаат во Скопје – Македонија се
позиционира на мапата сериозни енергетски актери – додаде министерката
Божиновска, заблагодарувајќи се на тимот од Министерството, на партнерите и на
граѓаните.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy