Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин да се заштитат имотот и влоговите на штедачите
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин да се заштитат имотот и влоговите на штедачите

06/11/2026

AA

Шест потенцијални инвеститори ќе имаат состаноци со претставници на Народната банка за можна продажба на „Алта банка“ АД Битола. Разговори со две домашни банки веќе се одржани денеска, соопшти гувернерот Трајко Славески, кој продажбата ја посочи како најдобро решение за заштита на средствата на граѓаните.

 – Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а секако сме и проактивни. Тоа го најави и премиерот – рече Славески, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за олеснувањата за клиентите на банката.

Според него, вредноста на банката не би претставувала голем финансиски предизвик дури ни за банки со средна големина.

– Ќе видиме кои се интересите, затоа што станува збор за навистина здрава банка, банка во регион традиционално концентрирана со голем потенцијал за развој на земјоделието и на индустријата – истакна гувернерот.

Тој нагласи дека Народната банка не може однапред да зборува во името на заинтересираните инвеститори.

– Најдобрата опција е ова што го правиме, заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола. Ние размислуваме и за алтернативи за оние екстремни сценарија – изјави Славески.

Гувернерот се осврна и на можноста правните лица што имаат сметки во банката да исплатуваат плати на своите вработени.

На прашањето дали компанија со сметка во „Алта банка“ може месецов да исплати плата на 100 вработени, Славески одговори:

– Може на 101 вработен.

На прес-конференцијата Славески ѝ соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на нови шалтери во Тетово и во Струмица, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и целосна исплата за идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
Македонија

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА

06/11/2026
Македонија

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46631
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков третман на земјите кандидатки

06/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими извештајот за напредокот на Македонија за 2026 година од шефот на Делегацијата на Европската Унија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка најави зголемен лимит, нови шалтери

06/11/2026

Народната банка на Македонија  соопшти дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ ВО „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026

Народната банка на Македонија  соопшти дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy