Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај ги потврдува реформите во образованието и науката
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај ги потврдува реформите во образованието и науката

06/11/2026

AA

Министерството за образование и наука преговара со студентите за нов систем на субвенциониран студентски оброк, кој треба да овозможи средствата да се користат за поздрава исхрана. Министерката Весна Јаневска изјави дека разговорите продолжуваат и дека очекува заедничко решение, како при претходните преговори.

– Ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк – изјави Јаневска.

Таа објасни дека извештаи изработени во соработка со странски партнери покажале дека дел од студентите не ја користат субвенцијата за здрава исхрана.

Студентскиот оброк може да порасне од 3.500 на 4.500 денари месечно. Владата веќе предложи нов модел, со посебна услуга „М студентски оброк“ во апликацијата „М-услуги“. Студентите би купувале храна во ресторани, пекари и маркети, наместо да ги користат сегашните картички.

Иницијативата за промени дошла и од студентските здруженија, кои побарале решение слично на словенечкиот модел.

– Ние ќе се обидеме во најдобри можни услови, оти не сме Словенија, да го направиме тоа така како да им соодветствува – рече министерката.

Јаневска потсети дека и премиерот Христијан Мицкоски разговарал со студентите за ова прашање.

На денешната панел-дискусија во Владата, посветена на извештајот на Европската комисија за 2026 година, Јаневска изјави дека европските институции го препознале напредокот во образованието и во науката.

– Пред две ипол години реков дека треба да го запреме слободниот пад на образованието, затоа што тоа беше реална ситуација. Тоа го направивме – рече Јаневска.

Taa се осврна на законските рамки донесени во изминатиот период како што се Стратегијата за образование 2026-2032 и Стратегијата и Акцискиот план за смарт специјализација кои, како што вели министерката, се од исклучително значење за развој на економијата.

– И, што е важно, многу забрзано ги исполнуваме чекорите. Од новиот Акциски план имаме остварено над 75 отсто од она што сме го предвиделе. Многу е значаен и Законот за образование на возрасни. Изградивме систем за доживотно учење на возрасни кој на земјата и е неопходен и веќе Центарот за образование на возрасни почнува да функционира оптимално. Она што сме го имале како визија, се покажува дека е функционално – посочи министерката Јаневска.

Според министерката, извештајот ги истакнува реформите во стручното образование, инклузијата и дигитализацијата. Таа наведе дека над 70% од средношколците се запишуваат во стручно образование, а една третина од нив во дуални паралелки.

Во практичната настава се вклучени над 1.000 компании, а функционираат 8 регионални центри за стручно образование. Повеќе од 700 наставници поминале обука за користење вештачка интелигенција.

– Не  ја запоставуваме ни вештачката интелигенција. Повеќе од 700 наставници веќе поминаа обука за да можат да ја користат во училиштата, а веќе следниот месец нова група наставници ќе оди на обука, за да постигнеме квантум на наставници кои ќе можат да го шират знаењето и да се направи мрежа за употреба на вештачка интелигенција – додаде министерката.

Јаневска посочи дека Европската комисија забележала напредок и во науката, особено со формирањето на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Во следниот период Министерството планира донесување три закони: за високото образование, за научноистражувачката работа и за квалитетот во високото образование. Целта е универзитетските студиски програми да се усогласат со европските стандарди.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
Македонија

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА

06/11/2026
Македонија

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА

06/11/2026
Македонија

ОБСЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ОЛЕСНУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА

06/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ПРЕПОЗНА РЕФОРМАТА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Граѓаните треба да

06/11/2026
Македонија

НЕМА ПРОМЕНИ ВО СТАВОТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Само Македонија има

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ СЕ ПОД ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОК ОД МИГРАНТИ Тошковски побара

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46627
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по 6.050 денари, за стратешките струки

06/11/2026

Министерството за образование и наука (МОН) распиша конкурс за 3.000 студентски стипендии за академската 2026/2027 година, со нов начин на

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА Министерката Јаневска изрази загриженост и

06/11/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изрази загриженост поради појавите на врсничко насилство и покрај агресивните кампањи и преземените

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА СЕ ПРИЈАВАТ Министерството за одбрана

06/11/2026

Популистички, паушални и со етнички предзнак се обвинувањата од партијата ДУИ и водат само кон меѓуетничка нетрпеливост, а не кон

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy