Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија
Македонија

Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

25/06/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на НАТО самитот во Хаг, оствари средби со претседателот на Чешка, Петр Павел, премиерот на Република Естонија, Кристен Михал и со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер.

На средбите соговорниците изразија задоволство од одличната билатерална соработка и партнерство во различни области и поддршка за евроинтегративниот пат на државава.

Заблагодарувајќи му се на претседателот Петр Павел, за принципиелната и доследна поддршка на Чешка, Сиљановска-Давкова укажа на тековните предизвици и политички мотивираните обиди за блокирање на европскиот пат на државава. Таа ја потенцираше неопходноста од заштита на националниот идентитет и истакна дека прашањата поврзани со идентитетот, или толкувањето на историјата не можат да бидат дел од преговарачката рамка на ЕУ. Претседателот Павел рече дека земјава може да смета на континуирана чешка поддршка во текот на евроинтегративниот процес.

Повторувајќи го јасниот став против билатерализацијата, Сиљановска-Давкова рече дека длабоко ја цени принципиелната поддршка на Естонија за политиката на проширување на ЕУ и нагласи дека овој процес има стратешка и геополитичка важност. Естонскиот премиер Михал посочи дека државава добро ги исполнува Копенхагенските критериуми. Тој изрази подготвеност за помош во процесот на македонската евроинтеграција.

Прашањето за деблокирање на евроинтегративниот пат беше во фокусот и на средбата со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер, кој истакна дека членките на ЕУ треба да имаат појасен и поискрен став во однос на проширувањето. Тој нагласи дека интеграциите мора да се одвиваат според напредокот и спроведените реформи на државата аспирант за членство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy