Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ ВО „АЛТА БАНКА“ Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ ВО „АЛТА БАНКА“ Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата

06/11/2026

AA

Народната банка на Македонија  соопшти дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги.

Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески ѝ соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.

Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола.

Воедно, Народната банка ќе им излезе во пресрет на граѓаните од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта Банка АД Битола, со цел и тие да можат да си подигнат своите пензии и социјална помош.

Исто така, од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари.

Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки  ̶  нив граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот.

Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Инаку, исплатите на клиентите досега се одвиваат според утврдениот распоред. Како што знаете, од вчера започна исплатата на средствата на граѓаните коишто немаат платежни картички. Исплатата продолжува и во следните денови. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе работи и во сабота, 7 ноември. Исплатата на средствата на корисниците на социјална помош започна од денеска. 

Денеска, 6 ноември, во експозитурата во Битола беа услужени  околу 660 клиенти.  Просечниот повлечен износ по клиент вчера беше  околу 19 илјади денари, а денес околу 16 илјади денари, што е очекувано поради пониските износи на социјални трансфери.

„АЛТА банка” АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Администрацијата е привремена мерка, која се применува до промена на сопственоста. Состојбата во Банката е добра, таа е ликвидна и висококапитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио.

Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачува ликвидноста на Банката и да се заштитат интересите на сите штедачи.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и ги приспособува мерките во согласност со нејзиниот развој, при што приоритет останува уредното опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Народната банка ги повикува граѓаните да ги следат информациите објавени преку официјалните канали на информирање на Народната банка.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
Македонија

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА

06/11/2026
Македонија

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46631
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин

06/11/2026

Шест потенцијални инвеститори ќе имаат состаноци со претставници на Народната банка за можна продажба на „Алта банка“ АД Битола. Разговори

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков третман на земјите кандидатки

06/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими извештајот за напредокот на Македонија за 2026 година од шефот на Делегацијата на Европската Унија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка најави зголемен лимит, нови шалтери

06/11/2026

Народната банка на Македонија  соопшти дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy