Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕКТЕШИ УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ДА ИМА РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Засегнати се сопствениците на викендици
Економија

БЕКТЕШИ УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ДА ИМА РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Засегнати се сопствениците на викендици

14/12/2023

AA

Сметките за струја до граѓаните од следниот месец нема да се зголемат, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако од 1 јануари ќе има новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, нема да има раст на фактурите, но додаде дека од ставакта за пристап до мрежата засегнати се граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана. 

Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои имаат повеќе потреба од поддршка се во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачка. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.

– Дваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум,  најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена – рече Бектеши. 

Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани. 

– Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици,  по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите,  дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа.  Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава – објасни Бектеши.

Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог,  ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа. 

– Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија – рече Бектеши. 

Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.

– Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината терифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена  фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел – појасни Бектеши. 

Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

– Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија – наведе Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy