Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Америка ѝ се закани на Кина со шокантен потег!
Македонија

Америка ѝ се закани на Кина со шокантен потег!

16/04/2025

AA

Американската администрација би можела да воведе царини од 245 отсто на увозот од Кина поради ескалацијата на трговскиот конфликт меѓу земјите, објави прес-службата на Белата куќа.

Во соопштението на американската администрација се потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април воведе царини од 10 отсто за сите земји и поединечно ги зголеми царините за земјите „со кои САД имаат најголем трговски дефицит“. На овој начин претседателот сакаше да ја обезбеди националната безбедност на Америка, потсетува Белата куќа.

После тоа, според Белата куќа, повеќе од 75 земји во светот веќе започнале преговори со Вашингтон за решавање на ситуацијата и склучување нови трговски договори.

„Во светло на овие разговори, поединечните царини се суспендирани за сите земји, освен Кина, која презеде контрамерки. Како резултат на тоа, на Кина сега и се закануваат царини до 245 отсто за увоз од САД“, се наведува во соопштението.

Белата куќа засега не соопштува детали за временската рамка за воведување на споменатите тарифи. Во исто време, Трамп рече дека САД значително профитираат од царините.

„Соединетите Американски Држави добиваат рекордна сума пари благодарение на царините, додека цената на речиси сè паѓа, вклучително и бензинот, храната и речиси сè друго. Паѓа и инфлацијата. Ветувањата се даваат, ветувањата се одржуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над

22/07/2026
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy