Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРИМИ ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА Три болници се обрзаа да ги даваат лековите на пациентите
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРИМИ ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА Три болници се обрзаа да ги даваат лековите на пациентите

16/10/2026

AA

Министерството за здравство денеска ги објави протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза. На настанот присуствуваа директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8 Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип.

На Клиниката за неврологија се водат околу 2.000 пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се лекуваат. Бројот на новодијагностицирани расте, во 2025 година се регистрирани 115 пациенти.

– Во моментот, 835 пациенти од 48 општини се на имуномодулаторните лекови опфатени со дисперзијата и сите тие терапијата ја подигаат или ја примаат на Клиниката во Скопје. Од нив, 491 живеат надвор од скопскиот регион и многумина патуваат секој месец, често со придружник, што значи трошок, отсуство од работа и дополнителен напор за луѓе со хронична болест. Децентрализацијата овозможува да се опслужат повеќе пациенти без Клиниката да стане тесно грло – рече министерот за здравство Сашо Клековски и додаде дека буџетот за лекови за мултиплекс склероза годинава изнесува рекордни 451 милион денари.

– Ова е модел. Тоа е олеснување за пациентите, кои терапијата ќе ја добиваат поблиску до својот дом, но и унапредување за здравствените работници во регионалните болници, чиј делокруг на работа се збогатува. Секако, ова е модел и за други области, како онкологијата – додаде тој.

Директорот на Неврологија, Јован Божиновски, истакна дека иницијативата е одговор на долгогодишните барања на Здружението за борба против мултиплекс склероза.

– Правилникот ги утврдува лековите, надлежностите, условите за центрите и постапката, а со протоколот секоја болница одделно ги презема обврските што ја засегаат. Болниците се обврзуваат да одредат одговорен невролог, фармацевт и обучени медицински сестри, да ги чуваат и издаваат лековите по пропишан режим, да ја евидентираат секоја доза и да ги пријавуваат несаканите реакции во рок од 24 часа. Клиниката ја задржува стручната, финансиската и организациската одговорност: таа ги набавува лековите, преку Комисијата за имуномодулаторна терапија одлучува за секој пациент, ја фактурира терапијата кон Фондот за здравствено осигурување и врши надзор во центрите најмалку еднаш годишно – појасни Божиновски.

Децентрализацијата опфаќа десет лекови, поделени во две групи. Во првата се лековите што пациентот сам ги применува – интерфероните, глатирамер ацетат и оралните лекови (диметил фумарат, терифлуномид, кладрибин) – и тие се подигаат месечно од болничката аптека на центарот. Во втората се биолошките лекови „окрелизумаб“, „натализумаб“ и „офатумумаб“, кои ги аплицира медицинско лице во центарот.

Терапијата се воведува на Клиниката, каде пациентот ја прима првата доза, поминува обука и потпишува согласност, а сите наредни дози ги прима во регионалниот центар. Контролите се на секои шест или 12 месеци, со дигитален конзилиум.

Во првата фаза Клиничката болница во Штип ќе ги покрива источниот, југоисточниот и вардарскиот дел (околу 128 пациенти), СБ „Св. Еразмо“ – југозападниот дел и Битола (околу 146), а ГОБ „8 Септември“ ги презема пациентите од Скопје (344).

Вкупно 618 пациенти (74 %) ќе можат терапијата да ја добиваат во регионален центар, а заедно со пациентите од граничните општини, кои сами ќе го изберат центарот, до 692 (83 %).

Преминот е доброволен – пациентот преминува дури откако ќе потпише писмена согласност, а оној што не сака да премине останува на Клиниката без никакви последици врз правото на терапија.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
Македонија

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

16/10/2026
Македонија

СКАНДАЛ ВО УХМР, 488.000 ЕВРА ЗА СОМНИТЕЛНИ НАБАВКИ Кривична за

16/10/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОНЕВЕРА ОД 110.000 ЕВРА Пет години лажел

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46207
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ Мисајловски најави повисоки плати за

16/10/2026

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за незаконска легализација на довоградба

16/10/2026

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) поранешна

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од Бит-Пазар завршила на интернет

16/10/2026

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на Бит-Пазар во Скопје. Насилството не завршило со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy