Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за Радичевски
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за Радичевски

16/10/2026

AA

Локалните избори во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДСМ, полна со навреди и со криминал или исправена и достоинствена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ, порача вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред изборите за градоналакник на општина Брвеница во недела.

Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги.

– Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите – посочи Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет.

– Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години – рече Мицкоски.

Економскиот развој, додаде, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка.

– Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, за инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси – рече Мицкоски.

Браќа и сестри, додаде тој, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што нè поврзува.

– Да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. Нема да нè прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да нè паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДСМ кога немаше учебници за нивните деца во училиште и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега, во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година.

– Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 25 месеци од Владата платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно. Мојата порака вечерва е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДСМ им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале. И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат – порача Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник Радичевски рече развојот на една општина не се темели само на добри намери, туку на јасна визија, посветена работа и конкретни резултати. Тој посочи дека во изминатиот период преку реализацијата на инфраструктурни капитални инвестиции во населените места се создаваат услови за подобар живот на граѓаните и за искористување на потенцијалите на општина Брвеница.

Радичевски посочи дека во првите 100 дена фокусот ќе биде ставен на утврдување на состојбата со започнатите проекти и дефинирање јасни приоритети за понатамошен развој. Посебен акцент ќе има на подобрување на локалната инфраструктура, водоснабдувањето и канализациските мрежи, како и на иницијативата за изградба на клучка кон автопатот и развојот на индустриската зона.

– Доградбата на детската градинка во Брвеница и изградба на нова градинка во Челопек се важни и приоритетни. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат почит и грижа, планираме отворање на дом за стари лица со капацитет до 50 корисници. Ве повикувам да ја сочуваме силата на единството, да ја избереме иднината и заедно да ја изградиме една Брвеница за сите. На 18 октомври со вашата поддршка да гласаме за број 1, за Брвеница во која ќе се гордееме со постигнатото – рече Радичевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46210
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО ВОЗИЛОТО Тепачка среде раскрсница во

16/10/2026

Вчера на улицата Теодосиј Гологанов во Скопје се случил инцидент во кој жена физички нападнала друга, повозрасна жена која со

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски ја најави вакцинацијата против грип

16/10/2026

Се очекува во среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип, најави министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој рече

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРИМИ ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛЕКС

16/10/2026

Министерството за здравство денеска ги објави протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза. На настанот присуствуваа директорите на Универзитетската клиника

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy