МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски ја најави вакцинацијата против грип од среда
Се очекува во среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип, најави министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тој рече дека ќе му биде задоволство да биде вакциниран како пациент од ризична група.
Клековски посочи дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок и ги одредила приоритетите.
– Во основа со 1.000 вакцинации дневно ќе стасаме до 15 ноември, кога ќе пристигне втората количина. Приоритет прво имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, заради институцискиот карактер и поголемиот ризик за епидемија во микро-услови. И другите ризични групи ќе бидат опфатени според проценката на Комисијата. Значи, во основа сите активности што се организирани во минатото ќе бидат организирани и сега. Нема да има никаква отстапка во начинот на работа и методологијата – рече Клековски.
.
Извор: plusinfo.mk