🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО ВОЗИЛОТО Тепачка среде раскрсница во Скопје
Вчера на улицата Теодосиј Гологанов во Скопје се случил инцидент во кој жена физички нападнала друга, повозрасна жена која со автомобилот стоела на семафор.
На видео што го објави Скопје1 се гледа како помлада жена стои покрај застанат авомобил и удира со тупаници друга жена која лежи кон совозачкото седиште за да ги избегне ударите.
Засега не се познати причините што довеле до физичката пресметка, ниту е познато дали претходно имало расправија меѓу нив.
Случајот не е пријавен во полиција, па засега нема официјални информации за околностите во кои се случил инцидентот.
View this post on Instagram
.
Извор: plusinfo.mk