Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Економија

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

26/04/2024

AA

Иновативната формулација на „Алкалоид“
АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба,
прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за
2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното
одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

Меѓународната патентна пријава на
„Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020
година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската
Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други.
Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат
патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата
година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.

Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува
течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни
раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги
меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој
препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на
гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да
голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето
(пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за
гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Државниот завод за индустриска
сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на
државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и
со заштитата на правата од индустриска сопственосткои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за
потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред
традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на
индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46277
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува поквалитетни содржини

20/10/2026

Министерството за образование и наука (МОН) повлекува 33 учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи се

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО Жената е приведена и ѝ

20/10/2026

24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како управува автомобил со брзина од 142

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив

20/10/2026

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy