Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алиу: Предлог-законот за заштита од пушењето не е рестриктивен, тој е европски – намерата не е казнување, туку превенција!
Македонија

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушењето не е рестриктивен, тој е европски – намерата не е казнување, туку превенција!

12/01/2026

AA

Министерството за здравство објави дека предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи на сила на 1 март, не е рестриктивен, туку целта му е усвојување на европски стандарди за јавно здравје. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека законот не е насочен кон казнување, туку кон превенција и заштита на најранливите категории граѓани.

„Предлог-законот е усогласен со меѓународните стандарди и целта е унапредување на јавното здравје. Тој не е рестриктивен, туку европски. Европските стандарди за заштита на здравјето се воспоставени во овој закон. Според податоците од Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа“, нагласи Алиу.

Предлог-законот е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде граѓаните и организациите можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

Законот предвидува забрана за електронски цигари со вкусови, како и забрана за пушење во автомобили во присуство на дете. Граѓаните кои ќе ги прекршат одредбите можат да добијат казна до 300 евра. Дополнително, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски и никотински производи, а продажбата и изложувањето на овие производи се ограничува како превентивна мерка за поддршка на откажувањето од зависноста.

„Освен забрана за пушење во јавни институции и на јавен простор, законот предвидува и рестрикции во дигиталниот простор за да не се промовираат штетни производи, особено меѓу младите“, објасни Алиу.

Министерот истакна дека донесувањето на законот ќе придонесе за намалување на бројот на пушачи и на трошоците за лекување на заболувања предизвикани од пушењето. Паралелно со законските измени, Министерството за здравство ќе спроведува програма за едукација и информации за штетноста на тутунот, со акцент на младите.

„Целата 2026 година ќе биде поврзана со имплементација на законот и едукација за здравствените ризици, особено кај младите во нашата држава“, нагласи Алиу.

Со новите мерки, државата се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од штетните ефекти од тутунот и никотинските производи и да обезбеди здрава животна средина за сите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46768
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните закони да бидат донесени во

14/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа и прилози за македонскиот проблем

14/11/2026

Проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ Крива Паланка се најде и во странските медиуми. „Еуроњуз“, видео без коментар

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот министер за Европа вели дека

14/11/2026

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy