Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Адвокатите на државата“ ќе бидат меѓу најплатените во Македонија
Економија

„Адвокатите на државата“ ќе бидат меѓу најплатените во Македонија

13/02/2023

AA

Иако малку се знае за нив во јавноста, ќе бидат меѓу именуваните функционери со најголеми плати во Македонија. Според програмата на Владата за 2023, во актите кои треба да се донесат на агендата во март е зголемување на платата на Државниот правобранител како институција на 4,3, додека државните правобранители ќе имаат плата со коефициент 4,1.

Тоа значи дека актуелната просечната плата во Македонија од околу 33.000 денари ќе се помножи со 4,3 и ќе излезе дека бруто платата на Државниот правобранител ќе изнесува 142.000 денари. На оваа пресметка ќе се додаде и дополнителен процент од минат труд. Според истата формула, државните правобранители ќе имаат бруто плати од 135.000 денари плус процентот од стажот.

Според владината програма, во март треба да се измени одлуката „за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на фунционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија и на државните правобранители во Државното правобранителство“ 

„Имајќи ја предвид одговорната улога на Државниот правобранител на Република Северна Македонија и државните правобранители, нивното постапување во сите инстанци пред сите судови во Република Северна Македонија и нивното постапување пред надлежни управни органи исто така во сите инстанци, сеопфатноста на материјата по која постапуваат, сметаме дека за независно остварување на државноправобранителската функција неопходно е да се утврди поголем коефициент за пресметување на платата на Државниот правобранител на Република Северна Македонија и државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, поради што произлегува основаноста на поднесувње на оваа Информација и донесување Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во образложението.

Веќе е пресметано дека за зголемените плати ќе бидат потребни 43.243.200 денари од буџетот, или нешто повеќе од 700.000 евра.

„Поради зголемен обем на работата на државните правобранители утврдени со повеќе закони ќе претставува дополнителна сатисфакција во остварување на државноправобранителската функција. Имајќи ги предвид надлежностите на судиите и обвинителите кои учествуваат само во една инстанца и надлежноста на државните правобранители и сеопфатноста на материјата по која постапуваат, сметаме дека на Државниот правобранител на Република Северна Македонија основано му следува коефициент од.4.3, а на државните правобранители коефициент од 4.1“, пишува во предлогот кој треба да биде прифатен од Владата.

Во владината програма единствено пишува дека само во Скопје во изминатиот период е зголемен брјот на правобранители на 18. Инаку минатата година Владата го разреши Фехми Стафа како Државен правобранител и распиша оглас за нов челник на институцијата Државно правобранителство кои во својата основна функција треба да „ги штити имотните права и интереси на државата“.

Според претходните истражувањата, за активностите на Државното правобранителство како адвокат на државата малку се знае во јавноста.

„И покрај важната улога, за активностите на овој орган малку се знае во јавноста. Активностите и работата на Државното правобранителство се речиси невидливи и малку препознаени, пред сè, поради непостоењето на проактивната транспарентност на овој орган“, беше кажано од Институтот за човекови права за спроведеното истражување од пред неколку години

Во владината програма предвидени се и 400.000 евра за воспоставување
на автоматизиран компјутерски систем за управување, сигурност и заштита
во заведувањето и распоредувањето на предметите кои се водат во
Државното правобранителство и за зголемување на доменот на веб страната заради поефикасно работење на оваа институција.

Во владината агенда е предвидено и разгледување на нов Закон за државно
правобранителство со кои ќе се зголеми потранспарентна постапка за именување
на државни правобранители, нивно оценување, итн.

Предвидено е и пронаоѓање на соодветен деловен простор во
кој би било сместено Државното правобранителство. Актуелниот простор кој се наоѓа на Булевар Гоце Делчев со
површина од 700 метри квадратни не ги задоволува условите. Таму 
вработени се вкупно
134 административни службеници кои работат за правобранителите. Голем дел од нив превземени се од Министерството за политички систем.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ

05/10/2026
Македонија

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

05/10/2026
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ ЕВРА ПОСКАПИ ХЕЛИКОПТЕРИ Тој е

05/10/2026

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Оценка на кандидатот на Трамп

05/10/2026

Во интерес на САД е Македонија да успее да се приклучи кон Европската Унија – оцени кандидатот за нов амбасадор

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО Штит, шлем, копја, меч, предмети

05/10/2026

Богато војничко погребување со штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy