Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 13та владина седница, ова се новите одлуки
Македонија

13та владина седница, ова се новите одлуки

03/04/2024

AA

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Секретаријатот за европски прашања, за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

Задолжени се првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за финансии, веднаш по финализирањето на верзијата на Реформската агенда, да ја достават до Европската комисија, со цел продолжување на дискусиите и финализирање на истата.

Согласно договореното со Европската комисија, владите на секоја земја од регионот ќе треба да усвојат и да усогласат со Европската Унија – Реформска агенда, којашто ќе претставува сеопфатен и кохерентен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, а плаќањата ќе бидат условени со реализација на квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за периодот од 2024-2027 година.

Владата го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Италијанска Република, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе и го разгледа и прифати Нацрт-текстот на Протоколот, предложен од Министерството за внатрешни работи.

Склучувањето на Протоколот, според Информацијата од МВР, има за цел да придонесе во унапредувањето на безбедносната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави, особено во спречувањето и борбата против сите форми на трговија со луѓе и злоупотреба на деца жртви на трговија со луѓе.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Resolute Castle 24“ и донесе ваква Одлука.

Вежбата, како што е образложено, е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Северна Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година и е во организација на Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка. Вежбата е предвидено да се реализира на Армискиот полигон „Криволак“, во период од 12 април до 19 јули 2024 година, со учество на 270 припадници од Вооружените сили на САД и 70 припадници на Вооружените сили на Кралството Норвешка, а Армијата на Република Северна Македонија ќе учествува со 60 припадници.

Полноправното членството во НАТО побарува активно учество во заедничките вежбовни активности со што се зголемуваат и одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање, во рамки на коишто е и оваа вежба.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.

Вежбата ,,Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
Македонија

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ

16/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
Македонија

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ

16/11/2026
Македонија

ПО ПОВЕЌЕЧАСОВНА ПОТРАГА НАЈДЕН ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ ВО МАРИОВО

16/11/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ДОЛЖНОСТА ШЕФ НА ОЈО ГОКК

16/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА

16/11/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46790
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни прашања до Али Ахмети од

16/11/2026

Веќе четири дена по ред во јавноста објавуваме официјални документи, конкретни датуми и трансакции во вредност од милиони евра, кои,

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ СО НИВ“ Искра Хаџи

16/11/2026

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, денеска ја презеде

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ СТАНДАРДИ Државата има обврска да

16/11/2026

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy