Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра
Економија

ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра

29/10/2024

AA

Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации. 

Информацијата денеска на прес-конференција ја oбелодени в.д. директорот на Фондот, Никола Додов, кој сподели дел од наодите на внатрешната ревизија во институцијата, која е сè уште во тек. Тој најави кривични пријави и други правни мерки против компаниите кои ги направиле злоупотребите.

„Овие средства кои биле наменети за поддршка на иновации и развојни проекти биле злоупотребувани од страна на околу 60 компании. Наместо да ги користат средствата за реализација на проектите тие спроведувале фантомски проекти без конкретни резултати, што резултира со значителна штета на државниот буџет и граѓаните. Во рамките на ревизијата која се спроведува, од вкупно 60 компании кои се предмет на истрага веќе се поведени постапки за наплата на побарувања пред надлежен извршител, додека дел од нив се во постапка за поднесување на кривични пријави и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство, односно надлежните судови. Според нашите наоди вкупниот износ што овие компании го должат во државниот буџет е 192 888 642 денари, што е приближно некаде околу 3,2 милиони евра“, рече Додов на прес-конференцијата.

Во таа насока, директорот соопшти дека за време на истрагата дошле до информации дека неколку фирми се корисници на повеќе грантови за слични или идентични проекти, што според Додов го отвора прашањето колку е транспарентен и ефикасен системот на доделување грантови.

Ревизијата на новото раководство на Фондот за иновации и технолошки развојот дошла и до информации кои, како што кажа Додов, упатуваат на сомнителни практики во управувањето на јавните средства. Конкретно, тој наведе компанија чие раководство било во непосредна роднинска врска со високи функционери од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Без да кажа за која компанија се работи, Додов додаде дека нивните истражувања покажале дека нејзиниот управител не само што добивал финансиски средства од Фондот, туку истиот бил управител на уште четири други фирми кои исто така имале добиено средства за иновации и технолошки развој.

фото принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска

13/11/2026
Македонија

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА

13/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им

13/11/2026
Македонија

ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ Мицкоски разговарал

13/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ

13/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46756
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска во Ченто

13/11/2026

67-годишен жител на скопски Сингелиќ почина откако тракторот што го паркирал на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов Ченто“ сам

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ Мицкоски вели дека

13/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела. Теоретскиот ќе може да

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им се заканувале по животот, па

13/11/2026

Двајца мажи со автомобил се обиделе да прегазат полициски службеници во гостиварското село Чегране, додека полицијата вршела претрес во домот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy