Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

13/11/2026

AA

Документите и фактите јасно покажуваат дека СДСМ и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

„Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ“, се нагласува во реакццијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Особено е важно, додаваат оттаму, да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања.

„Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ

13/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46752
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени за поефикасна заштита на жртвите

12/11/2026

Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да

12/11/2026

Состојбата што ја затекнав во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекував пред преземањето на функцијата, вели државниот

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН

12/11/2026

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy