Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени за поефикасна заштита на жртвите
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени за поефикасна заштита на жртвите

12/11/2026

AA

Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците.

Тошковски посочи дека 6 месеци интензивно се работело на подготовката на законското решение, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, невладини организации, експерти, професори, обвинители и судии.

– Верувајте ми, ова законско решение нема да ја реши состојбата со семејното насилство, но гарантирам дека ќе даде подобри резултати од оние што ги имаме сега – рече Тошковски.

Тој објасни дека со предложените измени полициските службеници ќе добијат овластувања за побрза интервенција, а ќе се зајакнат и механизмите за постапување во случаи на семејно насилство. Во законското решение е вклучена и можноста за употреба на електронски алки за следење на осомничени лица и лица за кои судот ќе донесе соодветна одлука.

Министерот изрази очекување дека пратениците во најкраток можен рок ќе го усвојат законот.

Говорејќи за зголемувањето на бројот на пријавени случаи на семејно насилство, Тошковски рече дека ја разбира и целосно ја поддржува загриженоста во јавноста, но посочи дека промените во законодавството и поголемата подготвеност на жртвите да пријавуваат влијаат врз статистиката.

Според него, по измените на Кривичниот законик од оваа година, кога во рамки на семејството има пријавена телесна повреда, МВР по службена должност презема кривично гонење, што придонело за зголемување од околу 50 проценти на бројот на кривични постапки во споредба со претходната година.

Тој посочи и дека во 2026 година има зголемување од 270 проценти на изречените мерки притвор поврзани со семејно насилство, наведувајќи дека 163 лица се во притвор или биле во притвор во текот на годината за кривични дела поврзани со овој вид насилство.

– Факт е дека пријавите во МВР оваа година се далеку побројни отколку претходно… Јас сакам да верувам дека тоа е така затоа што жртвите се охрабрија да пријавуваат гледајќи партнер во рамки на Министерството за внатрешни работи како институција – рече Тошковски.

Тој додаде дека статистиката, според него, покажува подобрување во постапувањето на полицијата, во поднесувањето кривични пријави, проценките на ризик и во поведувањето итни постапки.

Тошковски информира дека бројот на смртни случаи поврзани со семејно насилство оваа година изнесува 7, исто колку и во 2022 година.

Тој реагираше и на критиките кон Министерството за внатрешни работи во врска со трагичните случаи на семејно насилство, особено последниот случај со убиството на 17-годишната девојка од Богданци, оценувајќи дека во изминатиот период има политички злоупотреби на овие трагедии.

– Морам да ги осудам политичките злоупотреби што очигледно се прават во изминатиов период на сметка на трагичните случаи што ни се случуваат. Фактичката состојба е таа, ја кажав – рече Тошковски.

Тој посочи дека вкупниот број убиства во Македонија заклучно со октомври е најмал во последните 6 години.

На прашањето дали дел од очекуваните 10 милиони евра приходи од сообраќајни казни, на годишно ниво, може да се искористат токму за електронските алки, Тошковски рече секако дека тоа е можно и појасни дека 25 проценти од вкупните средства што се собираат во рамките на Министерството се слеваат во буџетот на МВР и се користат за сè што е поврзано со безбедноста.

– Мораме да сториме сè, дали треба да имплементираме ново законско решение – апсолутно да. Но мора да бидеме свесни дека ниту една законска измена самата по себе нема целосно да го искорени семејното насилство. Она што можеме да го направиме е да создадеме подобри услови за побрза и поефикасна реакција на институциите – рече министерот Тошковски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46751
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да

12/11/2026

Состојбата што ја затекнав во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекував пред преземањето на функцијата, вели државниот

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН

12/11/2026

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување од УХМР

12/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово и предупредување за опасност од силен ветер во Западна Македонија и жолто предупредување за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy