Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН ИСПИТ Не правиме вештачка криза за избори, го браниме владеењето на правото
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН ИСПИТ Не правиме вештачка криза за избори, го браниме владеењето на правото

12/11/2026

AA

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи на договорот којшто го имаме постигнато со нашиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој додаде дека ЗНАМ нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата.

За законското решение за полагање на правосудниот испит, според кое теоретскиот дел ќе се полага и на албански јазик, а практичниот на македонски, кое е испратен на мислење во Венециската комисија, Димитриевски рече дека ЗНАМ, без разлика дали е на власт или опозиција, за едно такво решение, доколку дојде во Собранието, ќе се произнесе негативно.

Тој потенцираше дека доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата.

– Јас бев информиран од премиерот Христијан Мицкоски за чекорите кои тој планира да ги преземе и тие се веќе преземени на седница на Владата, без разлика што ЗНАМ се воздржа или не даде поддршка на едно такво решение – рече Димитриевски во гостување на Канал 5.

Тој повтори дека решението на министерот за правда Јетон Шасивари е хибридно решение и дека ЗНАМ го кажале својот став за тоа.

– Не се убедувавме со премиерот Мицкоски, туку тој ме информираше за плановите. Постапките имаат легитимно право да течат. Инаку, се прогласи, да кажам, еден триумфализам од страна на моноетничките политички субјекти, првенствено на партнерот во Владата, ВЛЕН, којшто не е основан, бидејќи Владата разгледа информација, донесе неколку заклучоци и испрати предлог-решение на Венециска комисија за кој побара мислење. Откако ќе се произнесат, ќе ги видиме сите аргументи и факти – појасни Димитриевски.

Додаде дека не очекува мислењето на Венециската комисија да биде позитивно, како и дека тоа мислење не е обврзувачко.

– Сепак ние сами бараме мислење и ќе добиеме соодветно толкување. Ако ги земете ставовите на Венециската комисија од 2019 година, каде што изречно е нотирано дека употребата на друг јазик освен на македонскиот јазик дополнително го усложнува процесот и правосудството и постапките коишто се водат пред надлежните судови. Сметам дека со едно вакво законско решение, ние во Македонија, како што ги делиме работите на наши и ваши ќе дојдеме до состојба да создадеме судови и судии коишто ќе судат на македонски или на албански јазик. Судење во Македонија е на македонски јазик. Судење на албански јазик е во Албанија и во Косово, каде што албанскиот е службен јазик. Судењето во Србија е на српски јазик. Дајте еден пример во Европа каде што има парламентарна република каде што имате полагање стручен испит на друг јазик освен на официјалниот јазик – рече Димитриевски.

Во врска со најавата дека ќе излезат од владината коалиција како црвена линија на ЗНАМ по ова прашање, Димитриевски појасни дека се водат врз база на функционалноста на државата и владеењето на правото.

– Компромис постои во политиката, но во владеење на правото и неговото практикување нема компромис. Тука се пишани правни норми коишто мора да се почитуваат. Во овој момент и согласно Уставот и согласно важечкиот закон таква можност не постои – изјави Димитриевски.

За оваа тема, според Димитриевски, треба првенствено да се отвори широка јавна дебата со претставници од академската фела.

– Доколку не биде испочитувано, како владин партнер ќе го размислиме нашето практикување на власт. Тоа значи дека верувам дека ќе дојде до лидерска средба во декември. Бидејќи, тоа го побарав од премиерот. Ние до ден-денес сè уште немаме седнато на иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба за сите, каде јас не присуствував, за да го отвориме ова прашање, да го разговараме. Јас не сакам да бидам информиран, сакам да бидам консултиран. Сакам да бидеме составен дел на решението и јас и ЗНАМ – изјави Димитриевски.

Тој ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека предизвикува вештачка криза. Рече дека нема никаква вештачка криза, посочувајќи дека доколку сака, премиерот Мицкоски уште утре може да распише предвремени избори.

Досегашната соработката со премиерот, Димитриевски ја оцени како одлична и на задоволително ниво.

– Во делот на усогласување на заедничките политики секогаш постоело разбирање и верувам дека ќе го има и она што е најбитно за нас, а тоа е да се имплементира владината програма и да се подобруваат животните услови на граѓаните – изјави Димитриевски.

 

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46749
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување од УХМР

12/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово и предупредување за опасност од силен ветер во Западна Македонија и жолто предупредување за

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја нема на ниту една камера,

12/11/2026

Досегашната истрага за бегството на обвинетата Ива Михаилова од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy