Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да се оствари со поевтина мерка, не треба да се бара притвор
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ ПАРИ Ако целта може да се оствари со поевтина мерка, не треба да се бара притвор

12/11/2026

AA

Состојбата што ја затекнав во Јавното обвинителство е полоша од она што го очекував пред преземањето на функцијата, вели државниот јавен обвинител Ненад Савески.

– Знаев дека состојбата не е идеална, но тоа што го затекнав беше полошо од очекуваното – рече Савески во гостување на ТВ21.

Меѓу клучните прашања, рече, се потребата од зајакнување на капацитетите на Обвинителството, подобрување на ефикасноста и враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Според Савески обвинителите мора да постапуваат согласно законот и доказите што ќе ги соберат, без разлика за кого станува збор.

Тој нагласи дека јавноста е информирана за сите истрагите во кои постапката ја надминала предистражната фаза, односно може да биде јавна.

– Јавноста не знае само за истраги за коишто не смееме да зборуваме, односно ако се во фаза на предистражна постапка – рече Савески.

Според него, правосудството мора истовремено да обезбеди почитување на човековите права, исполнување на целите на кривичната постапка и рационално користење на буџетските средства.

Савески смета дека правосудниот систем мора да ја преиспита практиката на определување притвор, особено неговото времетраење, предупредувајќи дека оваа мерка не смее да се применува неоправдано долго и дека обвинителите мора да водат сметка и за трошоците што ги создаваат.

– Ние мора да се менуваме и да се соочиме со фактот дека можеби неосновано се определуваат притвори. Тоа можеби не е толку голем проблем, колку што е проблем времетраењето на оваа мерка – изјави Савески.

Освен заштитата на човековите права, тој го отвори и прашањето за финансиските последици од притворот, оценувајќи дека станува збор за скапа мерка која дополнително го оптоварува државниот буџет.

– Ние сме сиромашна држава и како систем, вклучително и јавните обвинители, треба да водиме сметка за трошоците што ги создаваме. Ако можеме да исполниме една цел со мерка што е поевтина и нема да го оптоварува буџетот, треба да размислуваме и на тоа – рече Савески.

Тој упати директна порака до обвинителите дека мора одговорно да постапуваат со јавните средства.

Прашан за одлуките на Врховниот суд во предметите за несреќата на „Дурмо турс“ и за пожарот во модуларната болница во Тетово, со кои беа укинати претходните судски пресуди, Савески одби да навлегува во нивна оцена, нагласувајќи дека тоа би било спротивно на неговите професионални стандарди.

– Врховниот суд, како во секое општество, така и во нашето, има апсолутен авторитет и ние сите мора да ги почитуваме одлуките на Врховниот суд. Особено ние, професионалците. Не би си дозволил никогаш, и би излегол од рамките на моите професионални стандарди, да си земам за право да ги критикувам, коментирам одлуките на Врховниот суд – изјави Савески.

Прашан дали во моментов има некаква предистрага за актуелни функционери, Савески потврди дека се водат и предистражни постапки и истраги, но објасни дека за предметите во предистражна фаза обвинителството не може јавно да говори.

Нагласи дека ниту функцијата ниту позицијата на одредено лице не можат да бидат пречка за отворање постапка доколку постојат докази за сторено кривично дело.

– Доколку имаме кривично-правен настан во којшто сторител е кој било, вклучително и актуелни функционери, и за тоа собереме цврсти, несоборливи докази, секако дека ќе има постапка – изјави Савески.

Одговарајќи на прашањето дали Обвинителството ќе се вклучи во случајот со Алта банка и по поднесените кривични пријави, Савески објасни дека секоја пријава што ќе пристигне во институцијата се распределува кај надлежен јавен обвинител, кој има обврска да ги провери изнесените наводи. Тој посочи дека Обвинителството ги анализира и јавните повици за отворање постапки, без оглед од кого доаѓаат, но нагласи дека тоа не значи дека секој таков повик автоматски претставува основа за кривично гонење.

– Ние таквите повици ги анализираме секогаш. Меѓутоа, не секогаш во она на што нè повикуваат гледаме дека постои основа за покренување постапка. Наше е да провериме, да истражиме, да собереме докази во секоја ситуација, вклучително и во оваа – изјави Савески.

Прашан како ја оценува работата на доскорешниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, Савески истакна дека за време на неговиот мандат немало дисциплинска постапка, ниту скандал поврзан со неговото работење.

– Видете, мандатот на колегата Ислам Абази не заврши со дисциплинска постапка, не заврши со некој скандал во работењето на тој јавен обвинител – изјави Савески.

Формирањето на Специјалното јавно обвинителство, според Савески било оправдано од реални причини, а неговото постоење било временски ограничено, независно од начинот на кој завршило неговото работење.

– Причините за етаблирање на тоа обвинителство беа реални. Работата на тоа обвинителство имаше еден свој период на опстојување и постапување. За жал, завриши на таков начин како што заврши обвинителката која го раководеше, меѓутоа периодот на постоење на тоа обвинителство беше законски предвиден и да не се случеше таква завршница на кариерата на обвинителката. Практично беше ад хок решение, временски ограничено – изјави Савески.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПРИТВОРИТЕ СЕ СКАПИ, ОБВИНИТЕЛИТЕ МОРА ДА СЕ ОДГОВОРНИ СО ЈАВНИТЕ

12/11/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ

12/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување

12/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46750
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО ВО ВЛАДАТА АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА СТАВОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН

12/11/2026

ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување од УХМР

12/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово и предупредување за опасност од силен ветер во Западна Македонија и жолто предупредување за

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја нема на ниту една камера,

12/11/2026

Досегашната истрага за бегството на обвинетата Ива Михаилова од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy