Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Луѓето купуваат златен накит за матура, но многу помалку од порано
Економија

ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Луѓето купуваат златен накит за матура, но многу помалку од порано

29/05/2024

AA

Луѓето не се
откажале од купувањето златен накит за матура, но како што велат од
златарниците, од година во година купуваат помалку и се фаќаат за она што е
најевтино. Кај нас луѓето за подарок земаат златни привезоци, синџирчиња, нараквици. Од златарниците велат дека луѓето трошат од 1.000 до 5.000 денари за накит. Цената на златото во светски рамки расте. 

„Нормално дека
луѓето купуваат, ама послабо од порано. Продажбата на златото е намалена. Претежно
земаат синџирчиња, нараквици, некој прстен за подарок за наставнички. Трошат
обично по 4.000 до 5.000 денари за подарок. Секој млад денес сака нов телефон.
Ако  порано 500 евра планирале да
потрошат за златен накит, сега со тие пари купуваат телефон. Не е како порано,
а воедно и цената на златото се покачи и не можат да си купат тоа што
планирале. Тој што планирал поскапо синџирче, сега му излегува скапо така што
или се откажува или купува поевтино. Претежно купувачите реагираат дека е
скапо. На светските берзи златото е покачено“, велат од златарница од Скопје.

Велат дека секоја
година е различно, но бизнисот секако потешко оди од година во година. Пред
10-15 години објаснуваат дека златото беше поевтино, луѓето повеќе купуваа и
беше подобро.

„Три-четири
години е послабо и за матури и за 8-ми Март. Скапо е златото. Среброто се
купуваше по нешто, но и тоа се покачи. Но, во однос на златото, среброто сепак
е евтино. Сите прво се фаќаат за злато, а потоа за сребро. Родителите за децата
купуваат сребро. Најчесто земаат привезоци, затоа што се најевтини, нив ги има
за 1.000 или 1.200 денари. Пред пандемијата на корона беше далеку подобро, а
оттогаш е блокирано, едвај покриваме трошоци. И за свадбите не е како порано.
Купуваат бурми и обетки за невестата и тоа потенко, полесно, таков стандард
имаме. Кога има пари секој ќе купи, ама тешко е“, додаваат од друга скопска златарница.

Слично е и во
внатрешноста на Македонија. Граѓаните сакаат да купат подарок накит, ама
скромно.

„Поретко купуваат
злато поради високата цена. За злато им требаат 3.000 денари за да купат
подарок. За тие пари можат да земат само привезок или некое тенко прстенче, а
за нешто друго ќе треба да одвојат 4.000 денари или повеќе. Сега среброто се
купува поради цената. Тоа е многу поевтино и моделите се интересни“, велат од
златарница од Прилеп.

Грам злато сега се продава за 72 евра. Златарите не очекуваат
намалување на цената, напротив не се исклучува можноста тоа да поскапи. Во периоди кога има геополитички промени, војни,
инвеститорите вложуваат во злато. Цените на златото се искачија на рекордно високо ниво, при што во понеделникот спот злато достигна ново највисоко ниво од 2.449,89 долари за унца.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/EyeEM

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy