Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жена лажела дека е бремена за да не ја убие масовниот убиец Урош Блажиќ
Регион

Жена лажела дека е бремена за да не ја убие масовниот убиец Урош Блажиќ

30/05/2023

AA

За да се спаси од масовниот убиец Урош Блажиќ, жена лажела дека е бремена. Жената која била во таксито што масовниот убиец  го киднапираше по масакрот во Младеновац денеска е сослушана во Вишото јавно обвинителство во Смедерево. Таа доби статус на оштетена, потврди обвинителот Иван Конатар за Еуроњуз Србија. Нејзиниот вереник исто така е испрашуван.

Предвидено е во наредните денови да даде исказ и таксистот кој го управувал возилото таа вечер, а Конатар рече дека се наложени голем број сложени вештачења, меѓу кои балистички, психијатриски и ДНК.

Како што неофицијално се дознава, жената пред обвинителството рекла дека откако Блажиќ го украл возилото, лажела дека е бремена затоа што се плашела дека може да ја убие. Убиецот неа и на таксистот им се заканувал со смрт. Обвинителството интензивно работи со полицијата на утврдување на потеклото на оружјето употребено и начинот на кој обвинетиот го набавил оружјето.

Блажиќ ноќта меѓу 4 и 5 мај со истрели од автоматска пушка уби осум лица, тешко и лесно рани 14 од нив, а по апсењето во обвинителството го призна делото.

Блажиќ се товари за пет кривични дела: тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Тој доби 30 дена притвор. Месецов имаше два масакри во Србија. Претходно, на 3 мај, 13 годишно момче изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ каде учел. Во тој масакр настрадаа 10 луѓе. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy