Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗГОЛЕМЕНИ СЕ КАМАТНИТЕ СТАПКИ: Бизнисите во Русија се плашат од банкрот
Економија

ЗГОЛЕМЕНИ СЕ КАМАТНИТЕ СТАПКИ: Бизнисите во Русија се плашат од банкрот

29/10/2024

AA

Бизнисите во Русија се плашат од банкрот поради активностите на централната банка

Минатата недела руската централна банка ги зголеми каматните стапки на 21 отсто, нивото со кое институцијата ја спаси економијата во раните денови од војната во Украина. Целта е да се ограничи инфлацијата, која според официјалната статистика изнесува 8,4 отсто заклучно со 21-ви октомври.

Но, дури и бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин почнаа да се грижат за тоа што се случува. Шефот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов за руските медиуми коментираше дека високата каматна стапка и се заканува на индустријата во земјата со банкрот бидејќи ја зголемува цената на позајмениот капитал, пишува „Newsweek“.

Според директорот на „Ростех“, меѓу најпогодените се компаниите како неговата – развиваат високотехнолошки производи, бидејќи авансните плаќања од клиенти покриваат 30-40 отсто од вредноста на производството, а остатокот се од кредити. Сега високите каматни стапки јадат во профитните маржи.

Стравувањата на бизнисменот се дека руската економија оди кон стагфлација – бавен економски раст и неможност да се контролира инфлацијата.

Инфлацијата во Русија е поттикната од плаќањата за војната во Украина, кои постојано растат. Затоа централната банка изјави дека каматите може да бидат зголемени на следната седница закажана за 20-ти декември.

Руската економија може да издржи уште неколку години војна. 

Washington Post (WP) објави дека големите трошоци на Кремљ за војната против Украина ја туркаат руската економија кон прегревање, но дека таа има доволно ресурси за да ја одржи војната уште неколку години.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
Македонија

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ

16/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
Македонија

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ

16/11/2026
Македонија

ПО ПОВЕЌЕЧАСОВНА ПОТРАГА НАЈДЕН ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ ВО МАРИОВО

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46793
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски на форум во Брисел

16/11/2026

Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на реформската агенда, посветено работи на модернизација на институциите и е целосно усогласена со

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со осуда за нападот врз девојката

16/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и ветувајќи

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц се надева дека ќе се

16/11/2026

Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на законите и изборот на раководни кадри врз основа на образованието, работното искуство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy